Тресонечка Река

река во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тресонечка Рекаmap

Тресонечка Рекарека која потекнува од селото Тресонче, по кое и го добила своето име. Реката се наоѓа во малореканскиот крај, западна Македонија. Реката заедно со Гарска Река, ја создаваат Мала Река, збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово, која подоцна се влева во реката Радика (Голема Река).

Кратки факти Тресонечка Река, Местоположба ...
Тресонечка Река
Thumb
Thumb
Местоположба
Физички особености
УстиеМала Река
Особености на сливот
ТечениеМала РекаРадикаЦрн ДримЈадранско Море
Затвори

Извор

Реката извира непосредно над селото Тресонче. До самиот извор постои патека која води од селото.

Реката е понорница во нејзиниот извориштен дел. Понира кај месноста Ќириловец на височина од 1705 метри, додека вистинскиот водотек на реката почнува да се создава од водите на Три Извори.[1]

Притоки

Како главни и најзначајни притоки на реката се сметаат Росочка и Јадовска Река, кои ги дренираат водите на југозападните падини на планината Бистра.[2]

Воден потенцијал

Реката отсекогаш изобилува со воден потенцијал, кој бил искористуван на различни начини, тргнувајќи од големиот број на воденици и валавница на самата река изградени во селото Тресонче. Реката има голем месечен проток на вода од 1,755 м³с.[2]

Покрај тоа, реката е планирано да биде дел од идниот хидросистем „Бошков мост“, кој се предвидува да биде изграден во овој крај, за што била изработена и соодветна студија од страна на Електрани на Македонија.[2] Студијата предвидува изградба на „Брана Тресонче“ и создавање на вештачко езеро во близина на селото. Со изведување на браната се предвидува потопување на малиот параклис „Св. Петка“ на вливот со Селечка Река, ливадите на вливот на двете реки користени од страна на месното население и старите селски гробишта во близина на сретселото. Воедно, се предвидува дека ќе има и влијанија на двете главни цркви во селото поради големото количество на вода и во моментот на изградба на браната.

ХЕЦ „Тресонче“

Изградбата на хидроцентралата возводно од предвидената брана за потребите на хидросистемот „Бошков мост“ завршила во 2013 година и самата хидроелектрична централа била пуштена во пробна работа истата година.[3][4] Објектот се наоѓа во близина на селото, во близина на текот на реката. Централата зафаќа само мал дел од водите на реката и се вбројува во делот на мали хидроцентрали.[5] Изградбата на оваа мала хидроцентрала била од страна на претпријатието „Хидроенерџи груп ДОО Скопје“, со кое Министерството за економија има потпишано три договори за концесија на вода.

Инвестицијата за изведба на хидроцентралата била во вредност од 2,1 милион евра и имала инсталиран капацитет од 1,8 MW.[3] Вкупното годишно производство се очекува да биде 11,7 GW/часови.[4]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.