From Wikipedia, the free encyclopedia
Треско (корнски: Enys Skaw, што значи „остров на бозели“) — втор по големина остров на Островите Сили, Корнвол, Англија. Има површина од 297 хектари и е со димензии од 3,5 км спрема 1,75 км.
Треско | |
корнски: Enys Skaw | |
Поглед на Треско од Бриер |
|
Население | 175 (2011) |
---|---|
Мреж. реф. | |
Месност | Треско |
Унитарна управа | Острови Сили |
Церемонијална грофовија | Корнвол |
Регион | Југозападна |
Земја | Англија |
Суверена држава | Обединето Кралство |
Пошт. град | Острови Сили |
Поштенска област | TR24 |
Повикувачки број | 01720 |
Полиција | |
Пожарна | |
Итна помош | |
ЕУ парламент | |
Брит. парламент | Сент Ивс |
Список на места: ОК • Англија • Корнвол |
Во најстарите времиња островот бил населен само со пустинци. Кралот Хенри I го дал островот на манастирот Тависток. За време на Тјудорската секуларизација црквата била аболицирана, а првенството за згрижување на душите, на секуларните острови му биле дадени на лордот или феудалецот.[1]
Оригиналното има на островот Треско на корнски било Ryn Tewyn, што значи издигнатини од песочни дини. Во 1193 година, кога островот му бил даден на подарок на манастирот Тависток, од страна на папата Целестин III, името му било сменето во Сент Николас, а од 1305 година се нарекувал Trescau (во превод нива од бозели), а од 1540 година се нарекувал Iniscaw (во превод остров на бозели).[2] Во публикација од 1814 година, островот бил именуван Trescaw.[3]
Островот е под управа на Корнволското војводство, кое го управува во името на англиската круна,[4] а војводството го изнајмува на семејството Дориен-Смит (потомци на Август Смит) кои го раководат како бизнис со времетраење.
Од 2001-2009 година островот бил домаќин на маратон организиран за помош на оболени од цистична фиброза. Настанот се одржувал во ист ден како тој во Лондон. Денес маратонот е заменет со Спринт Триатлон.[5]
Во 2007 година била направена реконструкција на манастирот со придружните објекти. Денес има бунгалови за издавање, базен и спа-центар. Во 2012 година, хотелот Island бил затворен, а на негово место биле направени луксузни викенд бунгалови.
Панорамскиот поглед на островот открива плажи на источниот и јужниот дел од островот, пустари на северниот брег и гранитни гребени. Ваквиот пејзаж и геоморфологија на Треско се должат на последното ледено време кога ледениот покривач ја отсекол северната страна на островот, оставајќи деформирани висорамнини.[6]
Главните населби се Њу Гримсби и Олд гримсби, кои се наоѓаат во центарот на островот Треско. На јужниот дел од островот се наоѓаат субтропската ботаничка градина Треско Аби Гарден и хелидромот. Северно од Њу Гримсби се замокот на кралот Чарлс и Кромвелскиот замок.
Треско е една од петте граѓански парохии на Островите Сили, кои исто така се одделенија. Граѓанската парохија и одделение покриваат многу повеќе од островот Треско: тука се вклучени ненаселени острови како Самсон (населен до 1855 година), Теан, Сент Хелен, Нортветил и Раунд Ајленд. Треско избира двајца советници во советот на Островите Сили, а исто како и другите одделенија надвор од островот. Меѓутоа, граѓанската парохија не е функционална и нема совет или парохиски средби.
Овие бројки вклучуваат само постојани жители. Голем број сезонски работници, исто така, живеат на островот во текот на летото.
За разлика од другите острови, Треско е примарно остров со ресорти за одмор[7] каде сите активности и сите вработени се поврзани со туризмот. На другите Острови Сили туризмот е значајна, но не и единствена стопанска гранка.
Академијата на петте острови (стар назив: Училиштето на петте острови) има зграда на островот Треско[11]. Учениците од средното образование училиштето го посетуваат во Сент Мери, каде престојуваат во интернат за време на работни денови, а за време на викенди се враќаат дома.[12]
Студентите ги посетуваат универзитетите на копното во Велика Британија.[13]
На островот нема автомобили.Туристите се превезуваат до хелидромот со посебни патнички приколки, а за хендикепираните личности превозот е овозможен со приспособени голф колички.
Од 1983 година до октомври 2012 година бил во функција Треско хелидромот, а сега е во изградба новиот хелидром во Пензанс, преку кој треба да се поврзат островите Сент Мери и Треско, за кој се планира да биде завршен 2019-2020 година.
Превозот со моторни бротчиња го поврзува островот Треско со другите населени Острови Сили, а се организираат и повремени кружни обиколки на островите.
Дивиот свет и екологијата на Треско се уникатни во однос на другите Острови Сили. На северниот дел се ветровитите висорамнини, кои одејќи кон југ се сменуваат во топли полиња, мочуришта и езера, по кои идат песочните дини за да на најјужниот дел се наоѓаат прекрасни плажи.[14] На островот се означени неколку локации кои се од специфичен научен интерес (Sites of Special Scientific Interest - SSSI). Касл Таун е прогласен за SSSI поради геологијата, здравата морска средина, богатството на флора, а таму се парат и одредени видови на морски птици, како на пример речната рибарка. Грејт Пул е прогласен за SSSI поради тоа што таму се наоѓа најголемата површина на свежа вода на Островите Сили, и е важно место за парење на птици, како и засолниште и хранилиште на птици преселници. Пентл Беј е место во кое растителниот свет се менува (транзитира) богата флора типична за песокливи дини, до суви предели населени со разни видови на лишаеви.
На островот биле донесени парови од црвената верверица (Sciurus vulgaris) од Англија, како загрозен вид за да се обнови видот, бидејќи на островот Треско нема грабливци за ова животно. Во јуни 2014 година биле сликани група на младенчиња од црвената верверичка што е доказ дека успешно се размножиле.[15][16]
Меѓу многуте птици преселници овде се наоѓаат:
Поради својата географија и историја, островот Треско често е споменуван во книгите на детскиот писател Сем Левелин, директниот потомок на Август Смит, кој по назначувањето за управник на островот во 1834 година останал овде да живее.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.