македонски глумец From Wikipedia, the free encyclopedia
Трајко Чоревски (22 февруари 1921 во Велес – 12 април 1955 во Битола) – македонски филмски и театарски глумец, член на битолскиот Народен театар од 1952 година до неговата прерана смрт.[1][2][3]
Трајко Чоревски | ||
Роден | Трајко Чоревски 22 февруари 1921 Велес, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 април 1955 (возраст: 34) Битола, НР Македонија, ФНРЈ | |
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Волчја ноќ | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Ратка Чоревска | |
Деца | Благоја Чоревски (син) Борис Чоревски (син) |
Глумец со огромен фонд на изразни можности, кој во играта внесувал многу љубов и поетска возвишеност.
Трајко Чоревски бил роден во Велес во 1921 година. Пред Втората светска војна членувал во театарските дружини на Петре Прличко и Димче Трајковски. Чоревски бил еден од основоположниците на Македонскиот народен театар во 1945 година каде само за шест сезони одиграл 26 драмски ликови. По 1951 година кариерата ја продолжил во народните театри во Велес и Штип, а од 1952 година, до неговата прерана смрт во 1955 година, тој бил член на Народниот театар од Битола.
Во својот краток глумечки живот остварил повеќе забележителни театарски и една филмска улога.
Година | Улога | Претстава | Автор |
1948 | Алтернација | Бегалка | Васил Иљоски |
1950 | Алтернација | Волци и овци | Николај Островски |
1951 | Нил | Малограѓани | Максим Горки |
1952 | Крис | Сите мои синови | Артур Милер |
1953 | Марко | Без третпат | Милан Беговиќ |
1953 | Јерко | Луѓе без вид | Јосип Кулунџиќ |
1954 | Митке | Коштана | Борисав Станковиќ |
Година | Филм | Улога |
1952 | Фросина ТВ-филм | |
1955 | Волчја ноќ ТВ-филм | Стане |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.