Трапчин Дол
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Трапчин Дол — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Трапчин Дол | |
Поглед кон селото и селската џамија. | |
Координати 41°33′33″N 20°57′43″E | |
Општина | ![]() |
Население | 357 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 12073, 12573 |
Надм. вис. | 624 м |
Трапчин Дол на Ризницата |
Географија и местоположба
Селото Осломеј се наоѓа во областа Горно Кичево, на реката Темница, на 8 километри северно од Кичево.
Историја
Старото име на селото било Трајчев Дол. До крајот на XVIII век селото било населено со брсјачко македонско население, кое било приморано да се исели поради нападите од Зајас. Албанците се населиле во XIX век.
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трапчин Дол живееле 105 жители, сите Албанци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 914 жители, од кои: 2 Македонци, 896 Албанци и 16 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 357 жители, од кои 1 Македонец, 339 Албанци и 17 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 105 | — | 381 | 404 | 459 | 578 | 737 | 0 | 724 | 914 | 357 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 757 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 741 гласач.[11]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.