тектонска плоча From Wikipedia, the free encyclopedia
Тихоокеанска Плоча — океанска тектонска плоча сместена под Тихиот Океан. Со површина од 103.300.000 км2 ова е најголемата тектонска плоча во светот.[1]
Тихоокеанска Плоча | |
---|---|
Вид | голема |
Површина | 103.300.000 км2 |
Движење1 | северозапад |
Брзина1 | 56–102 мм годишно |
Опфаќа | Долна Калифорнија, Јужна Калифорнија, Хавајски Острови, Нов Зеланд, Соломонски Острови, Југоисточна Алјаска, Тихи Океан |
1Во однос на Африканската Плоча |
Плочата настанала како микроплоча пред 190 милиони години, тројната точка помеѓу Фараљонската, Фениксовата и Изанашката Плоча. Тихоокеанската Плоча потоа нараснала дотаму што денес го опфаќа речиси сиот простор под Тихиот Океан. Со ова Фараљонската Плоча се смалила на неколку остатоци долж западниот брег на Америка, а Фениксовата Плоча на мал остаток близу Дрејковиот Премин. Изанашката Плоча биле уништена со подвлекување под Азија.
Тихоокеанската Плоча има внатрешна врела точка која ги образувала Хавајските Острови.[2]
Североисточната страна е раздвојувачка граница со Истражувачката Плоча, плочата Хуан де Фука и Гордската Плоча, соодветно образувајќи ги ’ртовите Експлорер, Хуан де Фука и Горда. Во средината на источната страна се наоѓа трансформен расед со Северноамериканската Плоча долж раседот Сан Андреас, како и граница со Кокоската Плоча. Југоисточната страна е раздвојувачка граница со Насканската Плоча, образувајќи го Источнотихоокеанскиот Гребен.
Јужната страна е раздвојувачка граница со Антарктичката Плоча, образувајќи го Тихоокеанско-антарктичкиот Гребен.
Западната страна се граничи со Охотската Плоча во Курилско-камчатскиот и Јапонскиот Ров. Плочата образува раздвојувачка граница by подвлекување под Филипинската Плоча создавајќи го Маријанскиот Ров, има трансформен расед со Каролисната Плоча и судирна граница со Севернобизмарковата Плоча.
На југозапад Тихоокеанската Плоча е сложена, но начелно приближувачка граница со Индоавстралиската Плоча, подвлекувајќи го по дсебе северот на Нов Зеланд, образувајќи ги Тонганскиот и Кермадечкиот Ров. Алпскиот Расед е трансформен расед помеѓу двете плочи, а понајуг Индоавстралиската Плоча се подвлекува под Тихоокеанската, образувајќи го Пијсегирскиот Ров. Јужниот дел од Зеландија, кој лежи на исток до оваа граница, е најголемиот блок од континентална кора на плочата.
Северната страна е приближувачка граница која се подвлекува под Северноамериканската Плоча образувајќи го Алеутскиот Ров и неговите Алеутски Острови.
Тихоокеанската Плоча речиси целосно се состои од океанска кора, но има извесен дел од континентална кора во Нов Зеланд, Долна Калифорнија и крејбрежна Калифорнија.[2]
Геолошка карта на дното на Тихиот Океан ги покажува не само геолошките низи и принадлежните подрачја на Огнен Прстен на океанските рабови, туку и разните старости на морското дно на скалест начин, од најмладо до најстаро, при што најстариот е обземен од азиските океански ровови. Најстариот дел кој исчезнува по пат на тектонски циклус датира од раната креда (пред 145-137 милиони години).[3]
Тихоокеанската Плоча настанала во тројната точка на трите главни океански плочи на праокеанот Панталаса — Фараљонската, Фениксовата и Изанашката, пред околу 190 милиони години. Плочата се создала бидејќи тројната точка добила нестабилен облик, опкружена од сите страни со трансформни раседи, поради појавувањето на кривина во една од плочните граници. Најстариот дел на Тихоокеанската Плоча, наречен „Тихоокеански Триаголник“, создаден во првите фази, се наоѓа источно од Маријанскиот Ров.[4] Растот на Тихоокеанската Плоча ја свел Фараљонската Плоча на неколку остатоци долж западниот брег на Америка (како плочата Хуан де Фука)[5] и Фениксовата Плоча на мал остаток близу Дрејковиот Премин.[6] Изанашката Плоча била уништена со нејзино подвлекување под Азија.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.