From Wikipedia, the free encyclopedia
Тесла (симб. T) — изведена SI-единица за магнетна индукција („густина на магнетен тек“). Една тесла е еднаква на еден вебер на квадратен метар. Усвоена е во 1960 година и именувана во чест на српскиот пронаоѓач Никола Тесла.[1]
Честичка со набој од 1 кулон што минува низ магнетно поле од 1 тесла со брзина од 1 метар во секунда нормално на полето се соочува со сила од 1 њутн (Лоренцов закон за силата).
Во основни SI-единици, теслата може да се изрази и како
Употребени единици:
1 тесла е еднаква на:
За изразување на нискочестотно електромагнетно зрачење во домот, најпотребни се следниве равенства:
Бидејќи теслата е преголема за секојдневна употреба, во електроинженерството силата на магнетите обично се изразува во гауси. Во науката мислењето е поделено: некои научници настојуваат да се држат до SI, додека други сакаат да бидат практични, па го користат гаусот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.