Теранци
село во Општина Чешиново-Облешево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Чешиново-Облешево From Wikipedia, the free encyclopedia
Теранци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Теранци | |
Координати 41°51′5″N 22°21′15″E | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Население | 498 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2203 |
Шифра на КО | 13040 |
Надм. вис. | 380 м |
Мреж. место | Теранци |
Теранци на општинската карта Атарот на Теранци во рамките на општината | |
Теранци — село во источниот дел на Република Македонија, во Кочанската Котлина, југозападно од градот Кочани. Селото Теранци се наоѓа во подножјето на планината Плачковица во непосредна близина на течението на реката Брегалница, на надморска висина од 380 м. Теранци зафаќа површина од 21,6 км2 со просечна густина на населението од 34,16 жители на км2. Морфологиата на атарот на селото Теранци е доста сложена.јужниот дел кој се протега на планината плачковица е составен од високи и стрмни ридови,испресечени со водотеци покриени дабова и букова шума, а во понискиот дел се присутни ритчиња покриени со нискостеблеста шума наречена Прнар но и ритчиња покриени само со тревната вегетација. Самото село е распослано на ридести форми кои благо се спуштаат кон реката Брегалница каде е најнискиот дел од селото и најголемиот дел од обработливите површини.Селото Теранци се наоѓа точно на контактот на двете геотектонски единици и тоа Вардарска Зона од запад и Српско-Македонскиот Масив од исток, што во регионално - геолошка смисла ова подрачје и припаѓа на Компликуваната Орогена Зона на Источна Македонија.Од геолошко-петролошки аспект Теранци го има следниот состав:Прекамбриски-метаморфорни карпи претставени со гнајсови,микашисти како и амфиболски шкрилци,палеозојски-метаморфорни карпи со шкрилци од типот на хлоритски,хлоритско-серицитски и биотитски. Кварцните,пролувијалните и алувијалните седименти од чакал песок и глина литолошки седиментирани можата да се сретнат во речните тераси на реката Брегалница.[2]
Повеќе од 50 проценти од атарот на селото Теранци зафаќаат шумите и планинските пасишта кои се наоѓаат над селото во планината Плачковица.Покрај тревнатите површини и грмушки таму се среќаваат појаси од габер, даб и бука.Во планината на еден нејзин дел вегетира и една поголема колонија на липи и местото е наречено Липите.Зимзелените растенија се реткост со исклучок на смреки кои можат да се сретнат од двете страни на Водни Дол. Во низинскиот дел покрај земјоделските култури по бреговите на реката Брегалница се присутни врбјаци, тополи, пофити, трски, капини, и др.
Во селото Теранци има значително присуство на птици.Во бреговите на Водни Дол кај месноста Говедариште има повеќе колонии од врани.Во селото и планината славејчиња, гугутки, врапчиња,гулаби, гаврани, свраки, ластовички, аво полскиот дел фазани, еребици, чапљи, штркови, лебеди, грлици, шатки, шљуки и др. Најприсутни диви животни се волкот, лисицата, дивата свиња, дивата коза, срната,зајакот, куната и др.
На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 20 Македонци и 375 Турци.[3] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 32 христијани.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Теранци живееле 395 жители, од кои 375 Турци и 20 Македонци .[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Теранци имало 32 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во селото живееле 327 жители, од кои 307 Турци и 20 Македонци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година во селото Теранци живеат 234 семејства и 738 жители, сите Македонци. Жителите на селото Теранци се поделени на 5 маала и тоа: Горно Маало, Долно Маало, Средно Маало, Маџир Маало и Ѓурова Река (Спас).
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 498 жители, од кои 475 Македонци, 3 Власи и 20 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 834 |
1953 | 638 | — | 216 | — | 47 | — | ... | 13 | — | 914 |
1961 | 812 | — | 17 | ... | ... | — | ... | 54 | — | 883 |
1971 | 921 | — | — | — | ... | — | ... | 5 | — | 826 |
1981 | 816 | — | — | — | 1 | 1 | ... | 3 | — | 821 |
1991 | 781 | — | — | — | 2 | 3 | — | — | — | 786 |
1994 | 755 | — | — | — | 4 | 2 | — | — | — | 761 |
2002 | 738 | — | — | — | — | — | — | — | — | 738 |
2021 | 475 | — | — | — | 3 | — | — | — | 20 | 498 |
Теранци е македонско село, а во селото имало и други народности.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
Македонски
Влашки
Турски
Бугарски
Во селото постои избирачкото место бр. 883 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 535 гласачи.[13]
Низ атарот на Теранци протекуваат две реки, Брегалница и Кочанска река. Жителите на селото Теранци со вода се снабдуваат од селскиот водовод и неколкуте селски бунари и чешми. Најбогата со вода е Голема чешма која се наоѓа во централниот дел на селото. Селски чешми кои треба да се спомнат се и чешмата кај Ќунчето која никогаш не пресушува, чешмата во месноста Говедариште, Манева чешма, Букова вода, Тодорова Чешма, Маџирмаалската Чешма, Пушова Чешма, Казаницата и др.
Мошне позната во регионот е Тодоровата чешма изградена 1920 г.од селанец по име Тодор, која е многу посетена од излетници од околните села. Селото Теранци е доста богато и со бунари. Најстар и засега најексплоатиран е Бојков Бунар кој се наоѓа во Маџир Маало.Други бунари се Живков бунар,Ејменов Бунар,Чешмарски бунар,миланов бунар,Соколов бунар и др.Од 1985 г. па сè до денес поради честите и долготрајни суши изложени на губење на водата се малите рекички кои минуваат низ атарот а некои од нив се:Ѓурова река,кавичка река,Ковачка река, Водни Дол, Сувото Долче, Солен Дол, Кладенчињата и др. Најголем и за истакнување е Водни Дол и тече низ Маџир Маало кој некогаш наликувал на река и низ неговото течение пред 50-на години редовно работеле 10 воденици кои го мелеле житото на жителите на селото Теранци.Во горниот тек на Водни дол на околу 4 км од селото се наоѓаат водозафатите од кои се собира водата за селскиот водовод.Дотокот на водата е 20 литри во секунда и гледано од аспект на големината на селото оваа количина не може да ги задоволи потребите на зителите на селото.Поради овие причини во летните периоди снабдевањето со вода е ограничено со редовни рестрикции во траење од неколку месеци.Овој проблем наметнува потреба за реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа поради чии дефекти се губат големи количина на вода за пиење.Во тек е изгтвување проект и изнаоѓање средства за поквалитетно снабдување на селото со вода.
Земјоделство и Стопанство. Според официјално податоци атарот на селото Теранци се протега на 2164 хектари. Шумите зафаќаат 953 ,пасиштата 445 а обработливо земјоделско земјиште 614 хектари.Сè до крајот на Втората светска војна во селото Теранци не било евидентирано никаква стопанска активност. Селаните отсекогаш се занимавале со земјоделско и сточарско производство, обработувајки ги своите ниви или работејќи како надничари кај поимотните соселани.Земјоделските работи се извршувале на многу екстензивен начин, се орало со ѕевгари со метални плугови, се копало со мотики, а вршењето на родот било со коњи кои трчале околу стожер на гумната.За веење на родот се користеле ветровитите денови за да се исчисти родот од плевел.Во 1949 година врз основа на законот за аграрна реформа била формирана Селската Работна Задруга(колективот) наречена Нов Живот. Согласно со правилата за формирање селски работни задруги секое семејство ја внесувало сета своја земја со исклучок на дворното земјиште со куќата за живеење .Со текот на времето оваа задруга била преименувана во ЗЗ Орач, па во 60-те била припоена кон ЗЗ Гоце Делчев од село Облешево.Во Раните 70-ти задругата заедно со облешевската задруга биле интегрирани кон земјоделскиот комбинат ИСКРА од Кочани и така е настанат ЗИК „Кочанско Поле“ кое опстојуваше сè до 2001 година кога е трансформирано во повеќе акционерски друштва.Покрај Задругата Орач во селото свои деловни единици кои работеле успешно имале и фирмите со општествен капитал Жито-Ориз, Нова Трговија и Кочанско Поле,а Коперативни односи со жителите на селото Теранци имале и Кочанскиот монопол за откуп на тутун и Шекераната од Битола. Во Централниот Регистар на РМ во Кочани се регистрирани 10 приватни стопански субјекти и тоа:Дон-Џорџ,Орка Комерц,Теком,Дабо-Ас,Супер Бамби 2004,Т-Центар ,Апитуртел и Гоце КАА,а двајца се како регистрирани комбањери,Стојаче Митев и Милан Ристов.
Овоштарство. Иако во Теранци постојат добри услови за одгледување на овошни садници на оваа земјоделска гранка во селото не се гледало никогаш како можен начин на извор на приходи.Селаните отсекогаш имале овошни дрвја во своите бавчи или на меѓите, а ако биле подигани мали овоштарници тоа главно биле сливи од сортата џанки кои биле користени за произвотство на ракија.Во помали размери отсекогаш имало садници на круши ,јаболки,ореви,кајсии,модри сливи,праски и др.Во последно време интересот се зголеми за подигање на овоштарници и лозови насади но како најголем проект за истакнување е овоштарникот од чист вишнов насад на ДОО ХЕМОМАК од Скопје со површина од 20 хектари.
Сточарство.Планинските пасишта на Плачковица во летниот период и полскиот дел околу реката Брегалница во зимскиот период, кои служат за напасување на добитокот се фактори кои го прават интересно одгледувањето на добиток во ова село.Токму пасиштата биле тие што мотивирале повеќе семејства посебно од влашка националност во периодот помеѓу двете светски војни,трајно да се населат во Теранци со стада со по над 500 овци и кози. Во тој период староседелците во селото одгледувале по педесетина овци,кози,крави,биволи,коњи,магариња,мазги,свињи,кокошки и др.Во период од 1979 до 1985 година во селото во рамки на ЗИК Кочанско Поле Работеле две сточарски фарми и тоа за кокошки и зајаци.денес во селото секој има барем некакво домашно животно.Според последните евиденции во селото има околу 900 овци,200 кози,450 говеда и околу 200 грла товарен добиток.Браќата Ацо,Стефчо и Душко Јованови и семејството Данилови имаат мини овчарски фарми а Зоран Крстов и Марко Ристов имаат мини краварски фарми за прозвотство на месо.
Пчеларство.
Културно забавниот живот бил практикуван отсекогаш преку веселбите во домаќинствата и оние манифестации што се одржувале на сред село. Може да се каже дека тој го зголемил интензитетот со изградбата на Задружниот Дом во која поголем удел имала Задругата Орач од селот Теранци. .Таму се организирале и сè уште се организираат игранки и концерти на музички и фолклорни групи и сл.Во селото во неколу наврати работеше селски ресторан и неколку кафе барови како кафе бар Ричи, кафе бар Пилето, кафе бар Дон Џорџ и др. од кои еден, Сашко кафе бар работи и ден денес и им пружа разонода во вечерните часови на жителите на кои тоа им е потребно. Во 1953 г. со електрификацијата на селото била инсталирана разгласна станица преку која се пренесувале програмите на Радио Скопје и Радио Белград.Во мемориата на жителите на селото стои уште сликата од 50-те како селаните застанати мирно под инките(звучниците) закачени на бандерите слушаат разни вести и музика во одреден период од денот.Задружниот дом и селската сала од нивната изградба па сè до денес е култно место за организирање на културно забавниот живот во селото
Селото Теранци може да се пофали со богат организиран спортски живот. Мегу најстарите спортови забележани на овој постор се ловот а во поново време фудбалот и борењето.За најтрофејни спортови можат да се истакнат борењето и фудбалот. Покрај овие спортови во Теранци биле забележани и натпревари во одбојка , пинг-понг ,гимнастика, влечење со јаже, шах и др.Некои од овие дисциплини со текот на времето биле заборавени. Во сегашно време во селото Теранци функционираат два спортски клуба и тоа боречкиот клуб Орка-стил и фудбалскиот клуб ФК Брегалница-Теранци. Жителите на селото Теранци уште од одамна го сакале и играле фудбалот.Пред повеќе од 5-6 децении во селото биле формирани маалски екипи и фудбал се играли на теренот кај селското училиште. Фудбал се играло со топки направени од партали или од коњски или говедски влакна. Првата вистинска фудбалска топка во селото е донесена од Атанас Стефанов и Витан Цветков во 1947 година кои таа година биле на Младинската работна акција во Босна на Шамац-Сараево. Со таа топка е одигран и првиот официјален натпревар помеѓу екипи од селото Кучичино и Теранци.Тие години и официјално е формиран првиот фудбалски клуб Плачковица во Теранци.За првпат солидно опремена фудбалска екипа се формирало 1955 година кога Земјоделската Задруга Орач од село Теранци издвоило средства за набавка на комплет опрема за фудбал и селската сала ја наполниле со реквизити за гимнастика и пинг-понг и пред платото на салата се изградило игралиште за одбојка.Фудбалскиот клуб од Теранци сите години од своето постоење се натпреварува во општинската лига.Некои позначителни резултати неможат да се истакнат но може да се наведе дека повеќе од 10 пати биле финалисти и неколкупати Шампиони(освојувачи на Турнирот) на Илинденските спортски игри во селото Чешиново кои почнале да се одржуваат од раните 70-ти.Во долго годишното постоење на Фудбалскиот клуб од Теранци продефилирале голем број на учесници од кои и: Гроздан Пешов, Љупчо Пешов, Сретко Стоименов, Сретан Ангелов, Бранко Крстев, Драги Данилов, Митко Крстов, Панче Петров, Трајчо Пушов, Стојан Пушов, Коце Петров, Бранко Стоименов, Чедомир и Николчо Јосифови,Лазо Митров, Тоде Крстов, Јанко Георгиев,Бранко и Игно Каранфилови, Виктор Крстов,Сашко Петров,Ванчо Атанасов,Тони и Игор Данилови и др.Сепак најдолго и нај активно во Фудбалот се задржал Гроздан Пешов како играч ,тренер и селектор.Роден 1951 првпат истрчал да ги брани боите не селскиот клуб во 1966 година. Неговата фудбалска кариера трела 3 децении. За неговиот придонес за развој на фудбалот во ова село Советот на месната заедница на село Теранци во 1999 му додели Признание и Благодарница. Денес тој е тренер на екипата од Теранци.Во рамки на Илинденските спортски игри жители од селото Теранци можат да се пофалат и со освоени први места во атлетика и шах.Интересот за борење жителите на Теранци го добиле во 1980 година со станувањето на член на Орце Митров на БК Спартак од Кочани.После една Година тој преминал во БК Балканец од Штип.Во 1984 станал шампион на СФР Југославија во дисциплината борење слободен стил во категорија до 62 кг.По престанокот на неговата активна спортска кариера во 1999 година го формирал боречкиот клуб ОРКА од село Теранци.Борачи од овој клуб имаат овоено многу регионални , државни и балкански медали и трофеи во изминативе 10-на години.
Од 1923 до 1928 година околу 120 турски семејства се иселиле во Турција. Од 1954 до 1959 година од селото се отселиле и останатите 32 турски семејства во Турција.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.