Кучичино
село во Општина Чешиново-Облешево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Чешиново-Облешево From Wikipedia, the free encyclopedia
Кучичино — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Кучичино | |
Координати 41°50′42″N 22°19′2″E | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Население | 319 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 13019 |
Надм. вис. | 456 м |
Кучичино на општинската карта Атарот на Кучичино во рамките на општината | |
Кучичино на Ризницата |
Селото е сместено претежно во рамничарски предел, во Кочанската котлина. На исток од него се наоѓа планината Плачковица. Покрај него тече реката Брегалница. Селото се наоѓа на надморска височина од 456 метри.
На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 350 жители, сите Македонци.[2] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 546 жители, од кои 544 Македонци и 2 други.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 319 жители, од кои 311 Македонци и 8 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 400 | 567 | 670 | 759 | 848 | 801 | 628 | 610 | 546 | 319 |
Кучичино е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 881 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 360 гласачи.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.