Тахо
река во Шпанија и Португалија From Wikipedia, the free encyclopedia
река во Шпанија и Португалија From Wikipedia, the free encyclopedia
Тахо (шпански: Tajo) или Тежо (португалски: Tejo)[1] — најдолга река на Пиринејскиот Полуостров. Долга е 1.038 км, од кои 716 км се во Шпанија, 47 км долж шпанско-португалската граница и 275 км во Португалија, каде се влева во Атлантскиот Океан близу Лисабон. Сливот зафаќа површина од 80.100 км2 (втор по големина на полуостровот, по оној на Дуеро). Најголемиот дел од течението на реката е добро искористено за стопански цели. Постојат неколку брани и свртници што служат за водоснабдување за средна Шпанија (со Мадрид) и Португалија, како и десетици хидроелектрани за електростопански потреби. Помеѓу браните, течението е мошне стеснето, но по Алмоурол, реката влегува во огромна наносна долина што често ја поплавува. Устието на вливот во океанот е во Лисабон.
Тахо/Тежо | |
Tajo, Tejo | |
Река | |
Поглед на Тахо во Толедо | |
Земји | Шпанија, Португалија |
---|---|
Притоки | |
- леви | Гвадиела, Алгодор, Гевало, Ибор, Алмонте, Салор, Север, Сораја |
- десни | Харама, Гвадарама, Алберче, Тјетар, Алагон, Зезере |
Извор | Фуенте де Гарсија |
- место | Албарасин, Теруел, Шпанија |
- височина | 1.593 м |
Утока | Устие на Тахо |
- местоположба | Атлантски Океан (кај Лисабон), Португалија |
- височина | 0 м |
Должина | 1.038 км |
Слив | 80.100 км2 |
Истек | |
- просечен | 500 м3/с |
Сливот на Тахо
| |
На Ризницата: Тахо/Тежо | |
Портал: Хидрографски сојуз на Тахо | |
Реката извира во Фуенте де Гарсија, како и од посебни водотеци на Универзалните, Ибериските и Албарасинските Планини. Сите поважни притоки се влеваат во реката од десниот брег. Тахо минува низ градовите Аранхуес, Толедо, Талавера де ла Реина и Алкантра во Шпанија и Абрантес, Сантарем, Алмада и Лисабон во Португалија.
Првото позначајно населено место на реката Тахо е Саседон. Под Аранхуес во реката заедно се влеваат притоките Енарес и Тахуња. Под Толедо ѝ се придружува и реката Гвадарама. Над Талавера де ла Реина се приклучува притоката Алберче. Кај Валдевердеха се наоѓа горниот крај на хидроакумулацијата „Валдекањас“, по која доаѓаат други: ХЕЦ „Торехон“, каде се влева Тјетар, и ХЕЦ „Алкантра“, во чиј долен крај истекува реката Алагон.
Откако ќе протече низ пределите што ја образуваат државната граница, Тахо влегува во Португалија (под името „Тежо“) и минува низ Вила Велја де Родао, Абрантес, Констансија, Ентронкаменто, Сантарем и Вила Франка де Шира на почетокот на долг и тесен естуар, на чие устие е сместен градот Лисабон. Ова подрачје е заштитено како Природен резерват „Устие на Тахо“. Тука се наоѓа и најдолгиот мост во Европа — „Васко де Гама“ со распон од 17,2 км.
Регионите Алентежо и Рибатежо во Португалија се наречени по реката.
Долното течение на Тахо се наоѓа на геолошки расед. Пролизгувањата (смолкнувања) долж него се причинител за поголем број на земјотреси, од кои особено историско значење имаат оние во 1309, 1531 и 1755 г. (познатиот Лисабонски земјотрес).[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.