From Wikipedia, the free encyclopedia
Татјана Петровна Макарова (руски: Татьяна Петровна Макарова; 25 септември 1920 – 25 август 1944 ) беше пилот во 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, еден од трите женски полкови основани од Марина Раскова. Посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз, откако леталото со кое управуваат таа и Вера Белик е соборен од страна на силите на Оската над окупирана Полска.[1]
Татјана Петровна Макарова Татьяна Петровна Макарова | |
---|---|
Починал | 25 август 1944 (23 години) Остроленка, Варшава, окупирана Полска |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухопловни сили |
Служба | 1941–1944 |
Чин | Поручник |
Единица | 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втората светска војна † |
Одликувања | Херој на Советскиот Сојуз |
Макарова сонува да стане пилот, иако таквиот избор за кариера е обесхрабруван од страна на нејзиниот татко, повреден ветеран од Првата светска војна, кој работи како поштар.[2]
По завршувањето на средното училиште, таа работи во фабрика за слатки, пред да ја добие лиценцата за цивилен пилот на 19 години. Обучува кадети во локалното училиште за пилоти пред да се придружи кон армијата во 1941 година за да се бори во Втора светска војна. Станува член на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1942.[3][4]
Макарова се придружува кон Црвената Армија во 1941 година и ја завршува обуката на училиштето за воено воздухопловство Енгелс. Истата година, испратена е на Источниот фронт, но не ја извршува својата прва мисија сѐ до следната година.
На 27 септември 1942 година, на Татјана и на нејзината екипа им е доделен Орденот на Црвеното Знаме по успешното слетување на авионот откако нејзиното летало е таргетирано од противвоздухопловна артилерија и рефлектори; кога за кратко губи контрола, успева да им го одвлече вниманието на германските сили со тоа што исфрла уште една бомба, што ѝ дава доволно време да ја напушти областа и да слета безбедно.[2] Учествува во бомбашките мисии против германските сили над Северен Кавказ, Крим, Кубањ, Таманскиот Полуостров, Белорусија и Источна Прусија.[1][3]
Нејзините колеги ја почитуваат како пилот, особено затоа што никогаш не се враќа во базата пред да ја заврши успешно мисијата. Со цел да ја подобри прецизноста на нападот, Макарова често лета до 100-150 метри пред да ја исфрли бомбата; често извршува осум до девет летови во една ноќ, но никогаш уморот не влијае на нејзиниот перформанс. За нејзините воени заслуги, во 1944 година го добива Орденот на Патриотската Војна, прва класа, како и уште еден Орден на Црвеното Знаме.[1][3][5]
На мисија во Остроленка со Вера Белик како навигатор на летот, на 25 август 1944 година, успеваат да исфрлат бомба над метата откако непријателот го забележува нивниот авион, со што се активираат рефлекторите и противвоздухопловната артилерија. Непријателски војник го следни леталото кога се враќаат во базата и успева да им го собори авионот. Поради тежината на експлозивите што ги носат во авионот По-2, ниту Макарова, ниту Белик немаат падобрани и загинуваат во пламените на урнатиот авион.[1][3]
Во нејзината кариера извршува 628 ноќни бомбардирања, исфрла 96 тони бомби и 300000 летоци над непријателска територија, уништувајќи два траекта, два противвоздухопловни топови, еден рефлектор, две бази со муниција, убивајќи повеќе од два вода на непријателски војници.[1]
Макарова посмртно е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 година „за примерно исполнување на командите во мисиите и демонстрација на храброст и херојство во битките против германските фашистички окупатори“.[1]
Постои мал музеј посветен на кариерата на Татјана Макарова, улица во Москва и училиште во Керч именувано во нејзина чест, споменик во техничкото училиште каде таа завршила и официјален омот на плико на СССР со портрет на Татјана и на Вера Белик.[6][7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.