Талибанци (арапски: طالبان) — фундаменталистички сунитски муслимански и етнички паштунско движење кое владеело со поголемиот дел на Авганистан од 1996 до 2001 година, кога водачите на ова движење биле убиени за време на бомбардирањето од страна на САД и Северната алијанса. Помали групи на ова движење сѐ уште се активни и се борат во герилски борби или со тероризмот против НАТО-пактот и актуелната влада на Авганистан. Додека биле на власт, Талибанците принудувале на најстрого придржување на шеријатските закони некогаш видно во исламскиот свет и станале познати по своето однесување кон жените. Тие не смееле да работат ниту да учат, туку од осмата година морале да го читаат Куранот. Тие кои сакале да сучат оделе во подземни училишта. Покрај тоа, жените не смееле да излезат надвор од домот без придружба на мажот или некој машки роднина, и задолжително кога излегувале од домот морале да носат бурка. Жените биле јавно стрелани и каменувани поради кршење на талибанските закони.

Талибани во Херато (2001)
Верска полиција претепува жена која ја симнала бурката

Терористичката група на Ал Каида била сојузник на Талибанците.

Талибанци во моментов има околу 12.000 по тврдењето на истите, а нивни водач бил мула Мухамед Омар

Талибанско знаме

Поврзано

  • Војна против тероризмот

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.