Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Таксон (од грч. τάξις, таксис = „ред, поредок, ранг“)[1] е група од една (или повеќе) популации на организми кои се сметаат дека сочинуваат единица. Иако не е задолжително, таксоните најчесто добиваат име и ранг. Науката наречена таксономија има улога да определи што сè влегува во извесен таксон. Критериумите за припадност во таксоните честопати се предмет на спор помеѓу таксономите.
Стручњаците разликуваат „добри“ (природни) од „лоши“ (вештачки) таксони. Денес за добри се сметаат таксоните што ја отсликуваат еволутивната (филогенетска) поврзаност на организмите, но ова не е задолжителен услов.
Еден таксон може да добие формално научно име според официјалните номенклатурни правилници, чии одредби се однесуваат на исправноста на именувањето во согласност со припадноста на таксонот.
Застапниците на филогенетската номенклатура се служат со кладистички методи и бараат таксоните да бидат монофилетски, т.е. да се состојат од сите потомци на еден предок. Тука основната единица не се нарекува таксон, туку „клад“, што претставува посебен вид на таксономска единица. Меѓутоа, дури и кај традиционалната номенклатура, ретко кој воведува нови таксони доколку се знае дека истите се парафилетски.[2] Познат пример за општоприфатен таксон кој сепак не претставува клад се влекачите (Reptilia).
Еден таксон може да добие таксонски ранг со добивањето на формално име, иако ова не е задолжителен услов. Рангот на таксонот не мора да биде траен, туку може подоцна да се менува.
Поимот „колено“ формално може се однесува на секој биолошки домен, но по традиција се користи само за животни. Неговиот пандан кај растенијата, габите и сл. се нарекува „оддел“.
Ранговите од помала важност се означуваат со претставка. Погорниот ранг се означува со претставката „над-“ (науч. super-), а подолниот со „под-“ (sub-). Во зоологијата се користи и уште еден степен подолу, со претставката „инфра-“. На пример, класата ги има дополнителни ренгови „наткласа“, „поткласа“ и „инфракласа“.
Рангот е релативен и ограничен на дадена системска шема. На пример, во разни системи на класификација, џигерниците можат да бидат фамилија, ред, класа и оддел (колено). Овој потесен збир од рангови наидува на проблеми во кладистиката. На пример, 10-те традиционални рангови помеѓу животинските фамилии (согласно ICZN) и колена (обично највисокиот релевантен ранг во едно таксономско дело) честопати не кожат соодветно да ја претстават еволутивната историја на организмите поради новите сознанија за филогенетската лоза на организмите. Покрај ова, рангот „класа“ напати не е еволутивна, туку фенетичка и парафилетска група и, за разлика од ранговите покриени од ICZN, не може да се направи монофилетски со размена на таксоните што ги опфаќа. Овој проблем е повод за развојот на филогенетската таксономија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.