Сушица (Скопско)
село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia
Сушица (позната и како Катлановска Сушица или Коњарска Сушица) — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Сушица | |
Панорама на Сушица | |
Координати 41°57′28.08″N 21°46′49.08″E | |
Регион | Скопска Блатија |
Општина | Петровец |
Население | 139 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25127 |
Сушица на општинската карта Атарот на Сушица во рамките на општината | |
Сушица на Ризницата |
Се наоѓа во североисточниот дел на Скопската Котлина и областа Блатија, од левата страна на реката Пчиња. Селото лежи на надморска височина од 380 метри. Оддалечено е 24 километри источно од Петровец, 37 километри источно од Скопје и 26 километри јужно од Куманово.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 68 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 257 мажи христијани, со 30 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 574 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 550 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушица имало 760 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Сушица има 178 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 139 жители, од кои 137 Македонци и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550 | 760 | 645 | 663 | 562 | 454 | 302 | 225 | 206 | 178 | 139 |
Сушица e македонско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во Сушица се:
Личности родени во Сушица (Скопско):
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.