From Wikipedia, the free encyclopedia
Сундска Плоча — мала тектонска плоча која го опчекорува Екваторот на источната полутопка и го опфаќа најголемиот дел од Југоисточна Азија.[1]
Сундска Плоча | |
---|---|
Вид | мала |
Движење1 | источно |
Брзина1 | 11–14 мм годишно |
Опфаќа | Индокина, Борнео, Јава, Суматра, Бали, Јужнокинеско Море |
1Во однос на Африканската Плоча |
Порано се сметала за дел од Евроазиската Плоча, но подоцнежните ГПС-мерења потврдиле самостојно движење од 10 мм годишно кон исток во однос на Евроазија.[2]
Сундската Плоча ги опфаќа Јужнокинеското и Андаманското Море, јужните делови на Виетнам, Мјанмар, Лаос и Тајланд заедно со Малезија, Сингапур, Камбоџа, јужните Филипини и островите Бали, Ломбок, Западни Мали Сундски Острови, Борнео, Суматра, Јава и дел од Сулавеси во Индонезија.
Плочата на исток се граничи со Филипинскиот Подвижен Појас, Молучката Судирна Зона, Молучката, Бандската и Тиморската Плоча; на југ и запад е Австралиската Плоча; на север се граничи со Бурманската, Евроазиската Плоча и Јангцекјаншката Плоча. Индоавстралиската Плоча се вовлекува под Сундската Плоча долж Сундскиот Ров (наречен и Јавански Ров), which generates frequent earthquakes and tsunamis.[1]
На границата помеѓу пониската Индоавстралиска Плоча и горната Сундска Плоча се одвива уникатен облик на подвлекување близу островот Тимор. Подвлекувањето помеѓу повисоката и пониската плоча започнало како подвлекување на една океанска плоча под друга. Меѓутоа, потоа прешло на подвлекување на континенталната пасивна граница под океанска плоча. Оваа ретка појава трае и денес бидејќи претходно подвлечената океанска плоча продолжува да ја влече континенталната плоча под океанската горна плоча. Податоците од ГПС даваат увид во последиците од брзината и насоката на судирот помеѓу Индоевропската и Сундската Плоча. Од ова се гледа дека пониската Индоавстралиска Плоча е главен двигател на изобличување гледајќи од блискиот Сундско-бандски лачен систем. Напрегањето во системот доведува до скусување, со најголема концентрација во предлачјето и задлачјето. Активното скусување се одвива во Бандскиот Ороген.[3][4]
Источната, јужната и западната граница на Сундската Плоча се тектонски сложени и сеизмички активни. Само северната граница е релативно мирна.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.