Струвеов геодетски лак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Струвеов геодетески лак — верига од геодетски ознаки за триангулација, што се протега од Хамерфест во Норвешка до Црното Море. Минува низ десет земји во вкупна должина од 2.820 км. Лакот е воспоставен од рускиот научник со германско потекло Фридрих Георг Вилхелм во периодот од 1816 до 1855 година, со цел да се утврди точната големина и облик на Земјата. Во времето на воспоставување на лакот, проаѓал само низ две суверени држави: личниот сојуз на Шведска и Норвешка и Руското Царство.
Струвеов геодетски лак | |
---|---|
![]() Најсеверната станица од Струвеовиот геодетски лак се наоѓа во Фугленес, Норвешка. | |
![]() Карта на Струвеовиот геодетски лак каде црвените точки ги означуваат местата на Светското наследство. | |
Општи податоци | |
Место | Естонија, Белоруција, Финска, Латвија, Литванија, Норвешка, Молдавија, Русија, Шведска и Украина |
Координати | 59°3′28″N 26°20′16″E |
Отворена | Геодетски лак |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Фридрих Георг Вилхелм фон Струве |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Службен назив | Струвеов геодетски лак |
Критериум | ii, iii, vi |
Навод | 1187 |
Запис | 2005 (XXIX заседание) |
Во 2005 година, лакот бил вклучен во Списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Лакот изворно се состои од 258 триаголници и 265 изворни точки. На списокот на светско наследство има 34 изворни точки со нивните различни ознаки, како што се ознаки во камен, железни крстови, обелисци итн.
Надворешни врски
![]() |
„Струвеов геодетски лак“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.