From Wikipedia, the free encyclopedia
Столбот на Јустинијан претставувал римски триумфален столб кој се наоѓал во Цариград, денешен Истанбул, Турција. Овој столб бил изграден во времето на византискиот цар Јустинијан I во 543 година во чест на неговите пообеди. Овој столб бил поставен во западниот дел од плоштадот Августајон, меѓу Аја Софија и Големата палата. Столбот бил разрушен во времето на Османлиите во текот на 16 век.
Столбот бил изграден од тули, а бил покриен од месингови плакети[1]. Столбот стоел на мермерен пиедестал со седум скали, а на нејзниот врв се наоѓала бронзена статуа на Јустинијан I во триумфална облека (облеката на Ахил, како што го нарекол Прокопиј). Во левата рака држел глобус, а со десната рака ја протегал кон исток[2]. Според некои натписи, се смета дека на ова место имало статуа на Теодосиј I или Теодосиј II[1][3].
Столбот останал до пропаѓањето на Византија, како што опишал Никифор Грегорас и неколку руски верници во градот. Според некои извори, пред самиот столб се наоѓале други три бронзени статуи на пагански императори, кои го молеле императорот за прошка. Овие статуи најверојатно биле тргнати од плоштадот во 1433 година[4].
Според Кристофоро, столбот бил висок 70 метри. Тој се гледал дури од морето.
Голем дел од населението, до 15 век сметале дека станува збор за основачот на градот Константин Велики[3], а според Крикијак за Ираклиј[3]. Исто така се сметало дека наместо глобус, човекот од статуата држи јаболко[5]. По падот на овој дел од столбот, некаде во периодот од 1422 до 1427 година, овој чин се сметал за несреќа која го очекува на градот[6]. Веднаш по освојувањето на градот, Османлиите ја отстраниле статуата како симбол на нивната власт, а столбот најверојатно бил разрушен во 1515 година.[5]. Пјер Жил, кој живеел во градот во 1540-тите, напишал дека останатите фрагменти од статуата биле во Топкапи-сарај, пред да бидат потопени за создавање на топови[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.