Целзиусовата скала (Celsius) е скала за изразување на температура. Го носи името на нејзиниот изумител, шведскиот астроном Андерс Целзиус (1701 — 1744). Целзиусов степен (°C) е одредена температура на Целзиусовата скала, а самата мерна единица што го изразува тој интервал се нарекува целзиус (со мали букви)[1]. Сè до 1948 единицата се нарекувала центиград (од лат. centum = „сто“ и gradus = „степен“[2]).
Од 1744 до 1954, 0 °C се сметале за точка на мрзнење на водата, а 100 °C за нејзината точка на вриење, обете при притисок од една стандардна атмосфера. Иако овие определници се застапени во образованието и денес, единицата „Целзиусов степен“ и Целзиусовата скала по меѓународен договор денес се дефинираат според две точки: апсолутната нула и тројната точка на водата[3]. Оваа дефиниција дава прецизен сооднос помеѓу скалите на целзиусот и келвинот, која пак е основна единица на SI за термодинамичка температура (симбол: K). Апсолутната нула, коај е хипотетичка и недостижна температура при која материјата има нулта ентропија, се дефинира како точно 0 K и −273,15 °C. Температурната вредност на тројната точка на водата изнесува точно 273,16 K и 0,01 °C.[4]
Со оваа дефиниција, величината на Целзиусовиот степен и Келвинот се утврдени како точно 1 дел од 273,16 (прибл. 0,00366) на разликата помеѓу апсолутната нула и тројната точка на водата, така израмнувајќи ги величините на двете единици. Покрај ова, дефиницијата ја утврдува разликата помеѓу нултите точки на двете скали како точно 273,15 Целзиусови степени (−273,15 °C = 0 K и 0 °C = 273,15 K).[5]
Еве некои температури што почесто се среќаваат и нивните вредности на трите најзастапени скали.
Келвин | Целзиус | Фаренхајт | |
---|---|---|---|
Апсолутна нула (точно, по дефиниција) |
0 K | −273,15 °C | −459,67 °F |
Точка на вриење на течен азот | 77.4 K | −195,8 °C[6] | −320,3 °F |
точка на топење на сув мраз | 195,1 K | −78 °C | −108,4 °F |
точка на топење на H2O (прочистен мраз) [7] |
273,15 K | 0 °C | 32 °F |
Тројна точка на водата (точно, по дефиниција) |
273,16 K | 0,01 °C | 32,018 °F |
Телесна температура | 310,15 K | 37,0 °C | 98,6 °F |
Точка на вриење на водата при 1 атм (101.325 kPa) (приближно) |
373,1339 K | 99,9839 °C | 211,971 °F |
Споредба на скали
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.