Фаренхајтова скала (Fahrenheit) — температурна скала осмислена во 1724 од холандско-германско-полскиот физичар Даниел Габриел Фаренхајт (1686–1736) и го носи неговото име.[1] Степенот на оваа скала се нарекува фаренхајт (со мали букви) и има симбол °F. На оваа скала замрзнувањето водата се дефинира како 32 степени, додека пак вриењето се одвива на 212 степени. Во највеќето земји оваа скала е заменета со Целзиусовата во средината на XX век или нешто подоцна,[2] но сè уште е официјална во САД, Кајманските Острови и Белиз.[3] Ранкиновата температурна скала се темели на Фаренхајтовата, но овде нулата означува апсолутна нула.
Дефиниција и претворање
На Фаренхајтовата скала, точката на мрзнење на водата е 32 степени (°F), а точката на вриење е 212 °F (при стандарден атмосферски притисок). Ова значи дека точките на вриење и мрзнење се разликуваат за точно 180 степени.[4] Затоа, еден степен на скалата изнесува 1⁄180 од интервалот помеѓу овие две точки. На Целзиусовата скала, оваа разлика изнесува 100 степени. Температурниот интервал од 1 Фаренхајтов степен е еднаков на интервал од 5⁄9 Целзиусови степени. Овеи две скали се сечат во −40 °F (−40 °F и −40 °C), т.е. ја претставуваат истата температура.
Апсолутната нула се дефинира како −273,15 °C или −459,67 °F. Ранкиновата скала е има интервали со иста големина како Фаренхајтовата скала, така што температурната разлика од еден Ранкинов степен (1 °R) е еднаква на разликата од 1 °F, освен тоа што апсолутната нула е 0 °R – исто како што Келвиновата скала се совпаѓа со Целзиусовата (апсолутната нула е 0 K.[4]
Употреба
Фаренхајтовата скала била главен температурен стандард во метеорологијата, стопанството и медицината во англофонските земји сè до 1960-тите. Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, Целзиусовата скала (до 1948 позната како „центиград“) ја заменила Фаренхајтовата во голем број земји, во текот на ниванта метрификација.[5]
Фаренхајтот сè уште е сеприсутен во САД, Белиз и териториите Порторико и Американски Девствени Острови за секојдневна намена[3]. Во науката се применува целзиусот и келвинот во сите земји.[6] Во некои држави се наведуваат двете мерки.[7]
Во некои земји фаренхајтот се користи во секојдневието заедно со целзиусот. На пример, Канада по закон ги следи метричките единици како претпочитани, со правни дефиниции за традиционалните канадски единици.[8] Временската прогрноза е во целзиуси, но печките, на пример, по закон работат со фаренхајтови степени.[9] Канадските топломери (аналогни и дигитални) ги имаат обете скали.[10][11][12]
Поврзано
Надворешни врски
- Претворање на Фаренхајтови во Целзиусови степени Архивирано на 6 септември 2010 г. — NOAA (англиски)
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.