From Wikipedia, the free encyclopedia
Степан Андријович Бандера (украински: Степан Андрійович Бандера) — украински националист. Бандера го предводел милитантното крило на крајно десничарската Организација на украинските националисти (ОУН).[1][2] Тој бил водач и теоретичар на украинските ултранационалисти кои учествувале во терористички активности и соработувале со нацистите.[1][3][4]
Степан Бандера | |
---|---|
Роден(а) | 1 јануари 1909
Стари Угринов |
Починал(а) | 15 октомври 1959 50) Минхен | (возр.
Бандера е роден во Галиција, која тогаш била дел од Австроунгарија како Кралство Галиција и Лодомерија, во семејство на источно-католички свештеник. По Првата светска војна и распадот на Австроунгарија, во Галиција била формирана краткотрајната Западноукраинска Народна Република, анектирана од Полска по Полско-украинската војна (1918–1919). Во овој период Бандера се радикализирал. Полските власти не му дозволиле да студира во Чехословачка, па се запишал на Политехничкиот универзитет во Лавов, каде што основал украински националистички организации. Во 1934 година го организирал атентатот на полскиот министер за внатрешни работи Бронислав Перацкиј, поради што бил осуден на смрт, но казната му била заменета со доживотен затвор. По германско-советската инвазија на Полска во 1939 година бил ослободен од затвор и се преселил во Краков, во германската окупациска зона.
Бандера ги собрал околу себе германските воени кругови кои ја фаворизирале украинската независност и организирал експедициски групи на ОУН. Кога Германија ја започнала инвазијата на Советскиот Сојуз, тој подготвил „Акт за обновување на украинската држава“, која предвидувала соработка со нацистичка Германија.[5][6] Оваа идеја не била прифатена од нацистичките власти и кога Бандера одбил да се откаже од неа, Гестапо го уапсиле и ставиле во домашен притвор,[7] а подоцна и во концентрациониот логор Заксенхаузен.[8] Во 1944 година Германија, која сè повеќе губела од сојузниците, го ослободила Бандера за да помогне да се одврати напредувањето на советските сили. Тој започнал да работи со новоформираниот Украински главен ослободителен совет, кој работел нелегално. По Втората светска војна, Бандера се населил со своето семејство во Западна Германија, од каде продолжил да раководи со ОУН и соработувал со неколку антикомунистички организации, како што се Антиболшевичкиот блок на нациите,[9][10] како и со британското разузнавање.[9] Во 1959 година Бандера бил отруен со цијанид од агенти на КГБ во Минхен.[11][12]
На 22 јануари 2010 година претседателот на Украина во заминување Виктор Јушченко постхумно ја доделил титулата Херој на Украина на Бандера.[13] Одликувањето било осудено од Европскиот парламент,[14] Русија,[15] полски и еврејски политичари и организации.[16][17][18] Премиерот Виктор Јанукович го прогласил одликувањето за неважечко бидејќи Бандера никогаш не бил државјанин на Украина, што е услов за добивање на титулата. Ова било потврдено и од суд во април 2010 година,[19] а одликувањето било официјално одземено во јануари 2011 година.[20] Предлог за признавање на Бандера бил отфрлен од украинскиот парламент во август 2019 година.[21]
Бандера останува многу контроверзна личност во Украина;[22][23][24] додека некои Украинци го слават како ослободител кој се борел против советските, полските и германските држави и се обидел да воспостави независна Украина, од други Украинци и од Полјаци и Руси тој е осудуван како фашист[25] и воен злосторник,[25] кој со своите следбеници (Бандеровци) е во голема мера одговорен за масакри на полски цивили[26] и делумно за холокаустот во Украина.[27][28][29][30]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.