Ослободителната народна армија (ОНА) како и секоја паравоена формација била структурно поделена и водена од лица кои имале разни функции во организацијата. Следува список на командантите и политичките претставници на ОНА.
Ова е список на команданти на т.н. ОНА во Македонија. За повеќе информации видете ја главната статија Ослободителна народна армија
Даут Харадинај (6 април1978 во Голдане, Србија) - командант Малиќи. Одговорен за обука на војниците од Македонија кој се бореле за ОВК и командант во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА;
Хисни Шаќири (1 март1949 во Отља, општина Липково, Македонија) - требало политички да ја претставува ОНА во случај на „преговори“ пред меѓународната јавност со македонските власти, бидејќи другите членови од Главниот штаб на ОНА не се од Македонија
Џеват Адеми (8 декември1962 во Голема Речица, Тетовско) - Член на ОНА. Шеф на тајната полиција на ОВК за Македонија. Водач на АКШ „Албанска Национална Армија“. Преседател на здружението на политички затвореници со седиште во Тетово.
Емруш Сума (27 мај1974 во Димце близу Качаник, Србија) - командант Оџа. Раководител на Одделот за борба против организираниот криминал и шверц во 6 заштитна зона, член на генералштабот на ОНА и командант на ОНА во Арачиново;
Иса Лика (1973 во Тетово) - командант Илир. Командант на ОНА во 112 регионална бригада (Тетовско);
Ферит Селими (??? во Скопје) - Командант на муџахединска единица, дејствувал во кумановскиот регион - 113 регионална бригада.;
Хајрула Мисини (од Куманово) - Командант Шпати. Командант на ОНА во 113 регионална бригада (Кумановско);
Семи Хебиби (Тетово, 16 август1973) - член на ОНА, познат по нападот врз полициската станица во Теарце;
Сами Хајдари (од Гостивар) - Претседател на „Трета алтернатива“ и претседател на КОАТ;
Сабедим Селими (Липково, Кумановско) - Командант со муџахедински вод во кумановскиот регион - 113 регионална бригада;
Рахим Самиу (Шемшево, Тетовско) - Командантите на ОНА, еден од организаторите на гранатирањето на полицискиот пункт во Шемшево. Дејвувал на Тетовското кале;
Назим Буши - капетан Адаши.Командант на ОНА во 114 регионална бригада (Кумановскиот регион);
Насуф Камери (од Тетово) - Еден од главните активисти на „НДК“ во дијаспората;
Мухамет Џемајли (Миховац, Србија, 8 февруари1958) - Командант Ребели. Командант на ОВПБМ на зона Чар, но навлегува преку Гнилане во Македонија и со своја група од 25-30 поранишни членови на ОВПМБ се приклучува на ОНА и дејствува во Матејче, Кумановско;
Мурат Јашари (од Оризари, Кумановско) - Командант Баци. Висок функционер во НДК, член на ОВПМБ, претседател на организацијата РИЗО од Куманово и член на ОНА;
Малиќ Дречај - Локален командант на ОНА за регионот Малино-Танушевци;
Љуљзим Исмаили - Командант Љуљи. Командант на ОНА во 112 регионална бригада (Тетовско);
Изаир Сами (од Шемшево, Тетовско) - Командант Шурли.
Емруш Ќамили (од Гостивар) - Член на НДК и благајник во дијаспората во Германија на „Глас на татковината“. Собирач на средства за ОНА;
Дестан Ајдини (од Куманово) - Член на раководството на НДК, резервен офицер и главен во обезбедувањето на финансиски средства и оружје за ОВК и ОНА;
Беќир Халими - Заменик командант на муџахедински единица, која дејствувала во кумановскиот регион - 113 регионална бригада;
Адем Имери - Белаја (Кондово, скопско) - Шеф на експозитурата „КОКА“ (Нарко мафијашко крило на ОНА) во Скопје на Мендух Тачи;
Адем Бајрами -Командант ветеран на УЧК кој помага во координирање на нападите на Тетово;
Агим Ахмети (од Гостивар) - Водач на екстремната вооружена групација „Албански национален фронт за Илирида“ - АНФИ. Поврзан со активностите на ОНА;
Абедин Зибери (од Слупчане, Кумановско) - Командант на полицијата во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА. Шеф на единица за разузнавање и контра разузнавање, составена од 30-35 души кој дејствуват во цивилна облека како месно население.
Нури Мазари (5 мај 1978- 11 јули 2005) - Командант Струга. Тој како член на УЧК учествувал во операциите во Прешево, Бујановац и во Медвеѓа во СРЦГ, а во 2001 година како командант Струга во операциите на ОНА кај Танушевци, Брес и Малино
Политички претставници
Муса Џафери (1959 во Зајас, Кичевско) - Координатор на политички претставници на ОНА во дијаспората, претседател на фондот „Национална слобода“, шеф на ОНА фондовите.