Ѕвезда од Кутлеш

македонски симбол From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѕвезда од Кутлеш

Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сонцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет.

Кратки факти Употреба, Сразмер ...

Знаме на Македонија од 1992 до 1995
Thumb
Употреба historical историско знаме на Македонија и национално етничко знаме.
Сразмер 1:2
Усвоено 1992 - 1995
Опис сонце/ѕвезда на црвена позадина
Затвори
Thumb
Кралското македонско знаме
Thumb
Знаме кое се смета за неофицијално на грчка Македонија од страна на Грците.

Спектакуларен примерок на ѕвездата е ископан во 1977 г. за време на археолошки ископувања во Кутлеш, Егејска Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос кај с. Кутлеш во околината на Постол. Тој го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на Античка Македонија, која сметал дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски.

Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија.

Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шеснаесет.

Толкување на симболот

Значењето на симболот денес не е сосема разјаснето. Во археолошките кругови постојат повеќе претпоставки за тоа дали симболот изворно на почетокот бил официјален симбол на Кралството Македонија, дали бил само симбол на војската или пак, едноставно претставувало украсно обележје.

Употреба на симболот

Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.

Денешна употреба

Денес, симболот го користат скоро сите македонски здруженија во дијаспората, македонската општина Пустец во Албанија, многубројни организации во Македонија и беше државно знаме на Македонија од 1991 до 1995 година. Од друга страна пак, Грција вештачки го прифаќа како нивен симбол со тоа што Беломорска Македонија како провинција го има истото знаме но со сина позадина.

Сонцето од Кутлеш не е грчки симбол, освен тоа што случајно се пронајде на денешната грчка територија. Денешните грчки симболи и античките грчки симболи се скоро еднакви бидејќи луѓето живееле на иста територија.[1]

Грб на Пустец

Симболот и грбот на македонската општина во Албанија, Пустец официјален грб на општина пустец. Грбот се состои од златна 16 крака Ѕвезда од Кутлеш на црвена основа. Над Ѕвездата од Кутлеш стои натписот Општина Пустец на македонски јазик а додека на долниот дел стои натписот Komuna e Liqenas (Општина Пустец на албански јазик)

Thumb
Грб на Пустец

Грб на ОМО Илинден - Пирин

Грбот на ОМО Илинден - Пирин е службен грб на политичката партија на Македонците во Пиринска Македонија. На грбот е претставена зелена планина што ја симболизира Пиринска Македонија. Во позадина на планината е претставена Ѕвездата од Кутлеш и го симболизира македонскиот народ, територија, историја и идентитет. Во подножјето на планината се претставени три цвета. Македонците од Пиринска Македонија доста често го користат нашето национално знаме што се користеше до 1995 година. Дејствувањето на оваа политичка партија во Бугарија е речиси невозможно, а за прекршување на слободата на собири, државата беше осудена и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.[2]

Thumb
Грб на ОМО-Илинден Пирин- Политичка партија на Македонците во Бугарија

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.