Непобедливо Сонце (латински: Sol Invictus) — официјален бог на Сонцето во Римското Царство и заштитник на војниците. Во 274 г. римскиот цар Аврелијан го претворил во официјален култ, покрај останатите римски култови. Научниците не се согласуваат во поглед на тоа дали божеството е древен латински култ кон Сонцето,[1] оживување на култот кон Елагабал[2] или нешто сосема ново.[3] Богот е обожуван од царевите по Аврелијан, и се појавува н монети сè до Константин I.[4] Последниот запис кој зборува за Непобедливото Сонце потекнува од 387 г.,[5] а во V век имало толку многу приврзаници, што Свети Августин сметал дека е неопходно да зборува против нив.[6]
Идејата која била популарна во XVIII и XIX век, дека 25 декември е избран ден за Божик поради тоа што на тој ден се одржувал римскиот фестивал „Dies Natalis Solis Invicti“ (Роденденот на Непобеденото Сонце), била негирана од црквата.[7] Поинакво објаснување за совпаѓањето на датумите се сметало за „академска хипотеза“.[8] И двете теории имаат свои приврзаници.[9][10][11]
Епитетот „Непобедливо“
Инвиктус (или непобедлив) бил епитет на повеќе римски божества, вклучувајќи ги: главниот бог Јупитер, богот на војната Марс, Херкул, Аполон, и Силван.[13] Епитетот се користел од III век п.н.е.[14] Римскиот култ кон Сонцето потекнува уште од „раната историја“ на градот, и се провлекува сè до воспоставување на христијанството како државна религија. Научниците понекогаш ги разликуваат како две посебни божества „Сонце“ (Sol) и „Непобедливо Сонце“ (Sol Invictus), но и отфрлањето на таквата идеја си има свои приврзаници.[15]
Елагабал
Првиот бог на сонце кој постојано бил нарекуван „непобедлив“ (invictus), бил сирискиот бог Елагабал. Според „Историја на царевите“, наследникот на Север го присвоил името на својот бог и култот кон него го довел во Рим. Откако бил прогласен за цар, тој ги занемарил римските традиционални божества и го промовирал својот бог како најмоќен. Ова завршило со неговото убиство во 222 г.. „Историја на царевите“ посочува дека Елагабал е нарекуван и „Јупитер и Сонцето“ (fuit autem Heliogabali vel Iovis vel Solis).[16] Ова е сфаќано како обид да се внесе сириски бог во Рим.[17]
Аврелијан
Римскиот цар Аврелијан бил исто така поврзуван со култот кон Сонцето.[18] По неговите победи на Исток, царот Аврелијан го обновил култот кон Сонцето, искачувајќи го богот-Сонце на највисоко место во царството. Претходно, свештениците на Сонцето биле сакердоти и припаѓале на понизок слој од општеството,[19] сега Аврелијан ги поставил на високо место. Секој свештеник на Сонцето бил член на сенаторската елита, со што се покаќувало дека свештениците на Сонцето се сега висока класа.[20] Аврелијан исто така изградил нов храм на Сонцето, со што вкупниот број на храмови во Рим бил четири.[21] Тој исто така поставил и игри во чест на богот на Сонцето, кои се одржувале секои четири години од 274 г., па натаму.
Идентитетот на Непобедливото Сонце на Аврелијан долго време бил тема на расправи меѓу научниците. Некои научници сметаат дека негова основа бил Сончевиот Елагабал од Емеса. Други сметаат дека потекнува од Зосим, богот на Сонцето од Палмира, поради тоа што Аврелијан ја поставил статуата на тој бог во храмот на Непобедливото Сонце, а која била украдена од Палмира.[22] Професорот Гери Форсит додал трета опција, која се заснова врз трудот на Стивен Хиџманс, и според која богот на Сонцето на Аврелијан е едноставно традиционалното грчко-римско Непобедливото Сонце.[23]
Константин
Царевите го поставувале Непобедливото Сонце на нивните официјални монети, заедно со бројни натписи, а само некои од нив го содржат епитетот „непобедливо“ (invictus), како што е натписот SOLI INVICTO COMITI. Со ова тие сакале да покажат дека Непобеденото Сонце е придружник на царот. Ова најмногу го користел Константин.[24] Статуите на Непобедливото Сонце се појавуваат на три места во Сводот на Константин. Официјалните моенти на Констанин ја содржеле сликата на Сонцето сè до 325-6 г..
Со одлука на Константин од 7 март 321 г., денот на сонцето (недела) е прогласен за римски ден за одмор:
- Заради почит кон денот на Сонцето, сите судии и луѓето кои живеат во градови нека одмараат, а работилниците нека бидат затворени. Но, луѓето кои работат земјоделство слободно нека продолжат со својата работа, бидејќи често се случува друг ден да не е погоден за сеење или за садење на лоза; за да не се случи да се пропушти вистинскиот момент за таквите дејанија, па наградата од небото да биде изгубена.[25]
Поврзано
- Сатурналии
- Езотериско христијанство
- Христијанство и паганство
Наводи
Библиографија
Во културата
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.