Скачковски манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Скачковски манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Скачковце.
Воздушен поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Скачковски манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Троица“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Света Троица |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Цркви | Црква „Св. Троица“ Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Основач (и) | Стојан Пајковски |
Место | |
Место | Скачковце, Општина Куманово Македонија |
Координати | 42°2′44″N 21°49′37″E |
Видливи остатоци | две цркви, параклис, чешма, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Орашачка парохија) |
Манастирот се наоѓа јужно од селото, на рид над селото, каде и во минатото имало крст кај кој се собирале селаните на собор.[1] До манастирот води асфалтен пат, кој завршува со голем манастир во подножјето на ридот, од каде водат скали до самиот врв на ридот.[2]
Манастирскиот комплекс зафаќа површина од 20 хектари, уредени со патеки, места за седење, фонтана, мала зоолошка градина и игралиште за деца.[3]
Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, камбанарија, параклис, 12-метарски крст подигнат во 1996 година, библиотека, чешма, конаци, споменици на Пресвета Богородица и Свети Климент Охридски, 3-метарско велигденско јајце и помошни објекти.[3]
Оваа црква е подигната заедно со целиот манастир во 2000 година.
Оваа црква започнала да се гради во 2021 година.[4]
Манастирот поседува нови конаци.
Местото на кое е подигнат манастирот е познато како крстно место во селото. Како светилиште постои од XIII век.[3]
Манастирот е изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година. Денес, во него се вршат крштевки, венчавки и молитви. Манастирот годишно го посетуваат над 5.000 ученици.[3]
Како ктитор на манастирот се јавува прота Стојан Пајковски.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.