полуостров и општина во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ситонија (грчки: Σιθωνία) — средниот крак на полуостровот Халкидик, Егејска Македонија. На запад од него е кракот Касандра, а на исток е Света Гора. Заливите околу полуостровот се Светогорскиот на исток и Торонискиот од запад. Во средишниот дел на полуостровот се наоѓа планината Итамос или Драгунтелис, а кај селото Балабан (Нова Мармара) е сместено познатото одморалишно место Порто Карас. Пределите се планински, со пасишта и шуми.
Општина Ситонија Δήμος Σιθωνίας | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Халкидик |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 11.631 (2021) |
Седиште: | Никит |
Нас. места: | 35 |
Пошт. бр.: | 630 88 |
Пов. бр.: | 23750 |
Портал: | dimossithonias.gr |
Карта на Општина Аристотел
Административно, полуостровот е своја општина (Δήμος Σιθωνίας) во Халкидичкиот округ. Создадена е на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Ситонија и Торони по законот „Каликратис“.[1]
Општината има само 5 традиционални села. Највеќето населени места се создадени како туристички одморалишта, а уште две села се основани од дојденци од Мала Азија во XX век.
Општинската единица Ситониja со седиште во Никит ги опфаќа следниве оддели и населени места:
Општинската единица Торони со седиште во Шиќа ги опфаќа следниве оддели и населени места:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.