Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Коџа Мимар Синан Ага (отомански турски: قوجه معمار سنان آغا; 29 мај 1489 - 17 јули 1588) — главен отомански архитект за султаните Селим I, Сулејман I, Селим II и Мурат III. Неговото најголемо ремек-дело е Селимовата џамија во Одрин, иако неговото најпознато дело е Сулејмановата џамија во Истанбул. Синан исто така бил еден од првите противземјотресни инженери во светот. Бил раководител на државната установа за градежништво со голем кадар и многубројни проекти. Обучил многу помошници кои подоцна самите се истакнале, меѓу кои најпознат е Седефкар Мехмед Ага, архитект на Султан Ахмедовата џамија (наречена „Сина џамија“). Се смета за најголемиот архитект на класичниот период на отоманската архитектура, кој во Турција го споредувале со Микеланџело, негов западен современик.[1][2] Микеланџело бил мошне прочуен во Истанбул по неговите планови за базиликата Св. Петар во Рим, бидејќи тој (како и Леонардо да Винчи) во 1502 г. добил покана од султанот Бајазит II да изгради мост преку Златниот Рог во Инстанбул.[3]
Мимар Синан خواجه معمار سنان آغا | |
---|---|
Биста на Мимар Синан во Анкара | |
Роден(а) | 29 мај 1489
Агирнас (денес во Кајсери) |
Починал(а) | 17 јули 1588
Цариград |
Националност | Турчин (етнички Ерменец или Грк) |
Зданија | Селимова џамија |
Проекти | Сулејманова џамија |
Синан се родил како христијанин во Анадолија во местото Агирнас, денес во состав на градот Кајсери, а неговото потекло е или грчко [4] или ермененско [5](не може точно да се знае бидејќи во отоманските пописи се запишувала само верата). Во 1511 г. бил регрутиран во војска и испратен во Истанбул каде прешол во ислам. Таму служел на големиот везир Ибрахим Паша како кадет во Сарајската школа. Таму тој го променил името во муслиманското Синан. Три години подоцна тој бил вешт архитект и инженер и зел учество во воените походи на султанот Селим како воен инженер. Кога Турците го зазеле Каиро, Синан бил унапреден во главен архитект и имал привилегија да руши згради за кои сметал дека не се по градскиот план. Исто така Синан бил поставен за ага (командант) на пешадија, но по негово барање бил преназначен за командант на артилерија. За време на персискиот поход во 1535 г. тој конструирал бродови за преминување на езерото Ван. За ова тој бил назначен за „асекија“, редар во личната гарда на султанот, кој бил ранг еднаков на јаничарски ага.
Првото дело на Синан била Шехзадската џамија, изградена во 1548 г. Почнал да ја гради Сулејмановата џамија во 1550, а завршил во 1557 г. Пред тоа никој не градел џамии со полукубни кровови. Синан ја добил идејата од Света Софија. Исто така градел џамии и други згради околу Истанбул, како Селимовата џамија во Одрин, Риуштем-пашината џамија во Истанбул, Џамија Михримах Султан во Едринекапи, и Џамија Мехмед Паша Соколовиќ во Истанбул. Исто така Синан го конструирал карвансарајот Такија ал-Селујманија и џамија во Дамаск, која сѐ уште е еднo од најзначајните зданија во градот.
Изградил разни џамии во Македонија, и Бања баши џамијата во Софија, Бугарија, која е моментално единствената џамија во употреба во градот.
Спооред неговата автобиографија “Tezkiretü’l Bünyan”, неговото ремек-дело е Селимовата џамија во Одрин. Додека се градела, неговата најголема мотивација била да се порекне исказот на христијанските архитекти дека никогаш не може да се направи поголем свод од тој на Света Софија, особено не од муслимани. При крајот на изградбата Синан изјавил дека го направил најголемиот свод на светот, но всушност висината на сводот од приземјето била помала, а пречникот речиси идентичен на Света Софија која била илјада години постара. Оваа џамија ја завршил на 80-годишна ворзаст.
Се смета дека Синан изградил:
Синан починал во 1588 г. и бил погребан во гробница веднаш до ѕидовите на Сулејмановата џамија, преку улицата кое го носи неговото име (Мимар Синан Кадеси). Во негова чест е именуван и кратер на планетата Меркур.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.