Свето предание
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свето предание (грчки: Ιερά Παράδοση, латински: Traditio) — усно пренесување на учењето на Господ Исус Христос и настаните од евангелската историја. Тоа постоинапоредно со Светото писмо, го надополнува и помага правилно да се разбере.

Светото предание се однесува на сите оние духовни богатства наследени од светите предци, кои се во совршена хармонија со Светото писмо. Светото предание е многу пообемно од Светото писмо. Апостолот и евангелист Јован вели: „И има многу други работи што ги направил Исус, кои, ако се наведат по ред, мислам дека ни во самиот свет, напишаните книги не би можело да ги собере“. “ (Јов. XXI, 25). Православната црква смета дека Светото предание е постаро од Новиот завет и дека е во целосна согласност со неговото објавување.
Во Православната црква Светото предание опфаќа:[1]
- кратки излагања и формулирања на православното верување;
- учењето за седумте свети тајни, како и чиновите како тие се вршат;
- апостолски правила (канони);
- правилата (каноните) на седумте вселенски собори;
- канони и правила на неколку месни синоди или собори;
- правила за црковна дисциплина на свети Василиј Велики и други светци;
- списи на светите отци;
- литургии и други црковни служби;
- житијата на христијанските светци и маченици;
- побожни обичаи, значења и симболи како израз на православната вера, надеж и љубов.
Денеска оние христијански цркви кои покрај Светото писмо го признаваат и почитуваат Светото предание се нарекуваат традиционални цркви (историски цркви). Тоа се Православната, Католичката и древните источни цркви.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.