Јакутскиот или познат како сахаски јазик е туркиски јазик од подгрупата на североисточни туркиски јазици. Јазикот го зборуваат околу 460,000 лица во Јакутија, Русија. Народот што го зборува јазикот е познат како Јакути или Сахаци. Јакутскиот јазик е службен јазик во руската република Јакутија покрај федералниот руски јазик.

Кратки факти Јакутски јазик саха тыла, Статус ...
Јакутски јазик
саха тыла
Зборуван во: Русија 
Регион: Јакутија
Вкупно говорници:
Јазично семејство: Алтајски
 Туркиски јазици
  Јакутски јазик 
Писмо: јакутска азбука 
Статус
Службен во: Јакутија
Регулиран од:
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: sah
ISO 639-3: id=sah sah
Затвори

Класификација

Јакутскиот јазик е дел од подгрупата североисточни туркиски јазици од групата на туркиски јазици. Во таа група, покрај јакутскиот, се и шорскиот, туванскиот и долганскиот јазик. Сите овие јазици, заедно со туркиските јазици, се сметаат за дел од семејството на алтајски јазици, јазично семејство кое е оспорено од голем број јазичари.[1] Како и унгарскиот, финскиот, турскиот и чувашкиот, јакутскиот јазик има хармонија на самогласки, нема граматички род и и е дел од групата на аглутивни јазици. Исто така, заедничка особина со турските јазици е зборовниот ред, што значи речениците во јакутскиот се во следниот редослед: подмет-предмет-глагол.

Распространетост

Јакутскиот јазик воглавно се зборува во Јакутија. Исто така има јакутски заедници во Хабаровскиот регион и мала дијаспора во останатите делови на Русија, Турција и останати земји. Јакутскиот јазик е „лингва франка“, покрај рускиот, на различните етнички заедници во Јакутија, како што се Долганци, Евенки, Евени и Јукагири. Така, околу 8% од населението кое не е од јакутско потекло тврдело дека знае јакутски на пописот во Русија во 2002 година.[2]

Писмо

Јакутското писмо е засновано на кирилицата. Модерното јакутско писмо е основано во 1939 година во СССР и е засновано на руската азбука, но има плус пет дополнителни букви кои се вметнати поради јакутскиот фонолошки систем.

Повеќе информации буква, име ...
букваимеМФАбелешки
А аа/a/
Б ббэ/b/
В ввэ/v/Се наоѓа во зборови од руско потекло.[1]
Г ггэ/ɡ/
Ҕ ҕҕэ/ɣ, ʁ/
Д ддэ/d/
Дь дьдьэ/ɟ/
Е ее/e, je/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ё ёё/jo/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ж жжэ/ʒ/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
З ззэ/z/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
И ии/i/
Й ййот/j, ȷ̃/Насализацијата на полусамогласката не се означува во правописот.
К кка/k, q/
Л лэл/l/
М мэм/m/
Н нэн/n/
Ҥ ҥэҥ/ŋ/
Нь ньэньэ/ɲ/
О оо/o/
Ө өө/ø/
П ппэ/p/
Р рэр/ɾ/
С сэс/s/
Һ һһэ/h/
Т ттэ/t/
У уу/u/
Ү үү/y/
Ф фэф/f/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Х хха/x/
Ц ццэ/ts/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ч чче/c/
Ш шша/ʃ/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Щ щща/ɕː/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ъ ъкытаатыннарар бэлиэ/◌./Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ы ыы/ɯ/
Ь ьсымнатыы бэлиэтэ/◌ʲ/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Э ээ/e/
Ю юю/ju/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Я яя/ja/Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Затвори

Граматика

Фонологија

Како што веќе наведовме, хармонијата на самогласки е изразита особина на јазикот. Ова значи дека сите самогласки во еден збор мора да се од ист вид, односно било тоа да е преден, заден, среден или кој било друг вид на самогласки.

Самогласки
Повеќе информации кратки, долги ...
Самогласките во јакутскиот јазик
кратки долги дифтонзи
затворени отворени затворени отворени
предни незаоблени i e ie
заоблени y ø øː
задни незаоблени ɯ a ɯː ɯa
заоблени u o uo
Затвори
Согласки
Повеќе информации билабијални, дентални ...
Согласките во јакутскиот јазик
билабијални дентални алвеоларни непчани меконепчани глотални
носни m n ɲ ŋ
експлозивни p b t d c ɟ k ɡ
фрикати s x ɣ h
апроксимантни l j, ȷ̃
вевни ɾ
Затвори

Лични заменки

Јакутскиот јазик има шест лица, односно три во еднина и три во множина. Како и останатите турски јазици, така и јакутскиот нема род.

Повеќе информации еднина, множина ...
еднинамножина
1.мин (min)биһиги (bihigi)
2.эн (en)эһиги (ehigi)
3.кини (kini)кинилэр (kiniler)
Затвори

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.