From Wikipedia, the free encyclopedia
Руската финансиска криза ја погодила на Русија на 17 август 1998 година.
Намалувањето на продуктивноста, преценетиот фиксен девизен курс на рубљата, големиот фискален дефицит претставувале главната причина за започнување на кризата. Освен ова, земјата била во војна со Чеченија во која, според некои проценки, биле потрошени 5,5 милијарди долари. Во првата половина на 1997 година, Економијата на Русија покажала резултат на подобрување, но веднаш по ова проблемите започнале да се интензивираат. Во 1997 година започнала и Азиската криза, која директно влијаела на побарувачката и цената на нафтата и металите.
Освен тоа, во земјата во март дошло до политичка криза, кога рускиот претседател Борис Елцин го разрешил премиерот Виктор Черномирдин на 23 март. Сергеј Киријенко, министерот за енергетика, на возраст од 35 години бил поставен на позицијата вршител на должноста премиер на Руската Федерација, а на 29 мај Борис Фјодоров бил назначен за заменик-премиер. Растот на внатрешните заеми можело да се обезбеди единствено преку приливот на странски капитал, кој бил привлечен со многу високи каматни стапки. Од друга страна, внатрешниот долг започанал да не се исплаќа и покрај напорите на владата, посебно во оддалечените реони. До крајот на 1997 година, состојбата на даночните приходи се влошила во голема мера, кое резултирало врз финансирањето на буџетот.
На 13 јули, ММФ и Светска банка ѝ одобриле на Русија 22,6 милијарди долари за поддршка на реформите и за стабилизирање на рускиот пазар. Сепак, руската влада одлучила да го задржи фиксниот курс на рубљата, иако голем дел од економистите повикувале владата да ја напушти политиката за поддршка на својата парична единица. На 12 мај 1998 година започнал штрајк на рударите поради неисплатени плати, блокирајќи ја Транссибирската железница. На 1 август долгот на државата кон народотбил околу 12 милијарди долари, главно од неисплатени плати. На 15 јули Државната Дума го одбила планот на владата за антикризни мерки, така што владата била принудена да се потпре на декретите на претседателот. На 29 јули, Елцин го прекинал својот одмор и заминал за Москва каде била подготвувана реконструкција на владата. Така, на чело на премиерското место застанал Владимир Путин.
Но кризата продолжила откако поради недовербата, инвеститорите започнале да ги продаваат своите рубљи и хартии од вредност. Ова ја принудила Централната банка да ги искористи своите девизни резерви за одбрана на париќната единица, кое дополнително ја намалила довербата кон рубљата. Подоцна било откриено дека околу 5 милијарди долари кои биле дадени од ММФ и Светската банка биле ненаменски искористени. На 13 август 1998 година, руските акции, обврзници биле пред колапс како резултат од заплахата за девалвација на рубљата и зголемениот долг.
Руската инфлација во 1998 година достигнала 84 %, а трошоците биле зголемени значително. Голем број на банки, како Инкомбанк, Онексимбанк и Токобанк биле затворени. Цените на скоро сите прехранбени производи се зголемиле за 100%, продавниците биле испразнети, останувајќи дури и без најосновните потреби како растително масло, шеќер или прашок за перење. Кризата ја намалила побарувачката за храна, ги зголемила социјалните тензии, а средната класа ги загубила своите заштеди. По ова започнале голем број на штрајкови и демонстрации. Во Москва на улиците излегле преку 100,000 луѓе. Министерот за одбрана ја откажал својата посета на Грција во првата недела од октомври, за да ја следи ситуацијата од земјата, која би можела да излезе од контрола. На 20 октомври, Борис Елцин потпишал декрет за забрана на масовни протести во Москва.
Во август 1998 година, руската влада извршила преструктурирање на нејзиниот долг врз основа на државните записи во износ од 40 милијарди долари, а тој потег, заедно со стравот од инфлацијата и со зголемената невработеност, предизвикало остра депрецијација на рубљата. За да ги сочува своите девизни резерви, на 27 август 1998 година, руската централна банка го запрела тргувањето на Московскиот меѓубанкарски девизен пазар, со што ја прекинала својата поддршка на курсот на рубљата. На почетокот на септември, пазарот на главните руски акции опаднал за 17,1 %, а тоа предизвикало бран на опаѓање на цените на акциите на банките ширум светот, зашто многу европски и американски банки имале значителна изложеност на рускиот пазар. Синдикатот од 19 банки, кои своевремено ѝ одобриле заеми на Русија, формирал меѓународен комитет за преговори со руската влада за наплата на заемите. Во март 1999 година, поткомитетот составен од пет банки предложил да се поднесе тужба против Русија, но на тоа не се согласиле останатите банки. Уште повеќе, на почетокот на март 1999 година се дознало дека Дојче банк, водачот на синдикатот од 19 банки, еднострано ги прифатила условите за преструктурирање на рускиот долг со кои се предвидувало меѓународните кредитори да наплатат 70 % од заемите во форма на хартии од вредност со рочност од четири и пет години, 20 % во форма на бескаматни обврзници со рочност од три години и 10 % во вид на парични исплати. Потоа, уште една банка од синдикатот, Чејс Менхетн Бенк (Chase Manhattan Bank), ѝ се продружила на Дојче банк и ги прифатила условите на руската влада, и тоа не само за новите заеми, туку за заемите од советскиот период.[1]
Како главна причина за закрепнувањето на руската економија била зголемувањето на цената на нафтата во текот на 1999 и 2000 година. Така, во тој период Русија имала фолем суфицит. Домашните индустрии, кои имале корист од девалвацијата, предизвикале зголемување на цената од увезената стока.[2][3] За првпат во историјата на Руската Федерација, стапката на невравотеност во 2000 година се намалила.
Сепак, како главна причина за брзото закрепнување на руската економија било тоа што таа била зависна во голема мера од трговијата и други немонетарни инструменти. Поради ова, финансиската криза во Русија траела кратко, за разлика од останатите земји од регионот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.