From Wikipedia, the free encyclopedia
Обврзница — должничка хартија од вредност, со која се потврдува дека имателот (купувачот, доверителот) му исплатил на должникот (издавачот) определен износ пари, како противвредност на обврзницата и дека должникот ќе му ги исплати на доверителот позајмениот износ, заедно со камата, и тоа, според утврдената каматна стапка и во договорените рокови.[1] Обврзниците претставуваат дополнителен извор на средства за издавачот. Често, средствата добиени со нивно издавање служат за финансирање посебни програми или објекти чии приходи понатаму се користат за исплата на достасаните обврзници. Обврзниците се многу слични на кредитот, бидејќи и тие претставуваат форма на задолжување.
Врз развојот на пазарот на обврзници влијаат повеќе фактори, како:[2]
Меѓународниот пазар на обврзници опфаќа два сегмента: странските обврзници и еврообврзниците. Првите ги издаваат странски издавачи на домашниот пазар и се деноминирани во домашната валута; на пример, обврзница која ја издава германско претпријатие на американскиот пазар и која е деноминирана во долари. Странските обврзници често имаат популарни имиња, како: Yankee bonds (странските обврзници што се издаваат во САД), Samurai bonds (странските обврзници во Јапонија), Bulldogs (странските обврзници во Британија) и Rembrandt bonds (странските обврзници во Холандија). Странските обврзници мора да ги исполнат условите што ги пропишуваат националните регулаторни тела; на пример, странските обврзници издадени во САД мора да ги исполнат прописите што важат за американските домашни обврзници. Вторите се обврзници кои се издаваат на пазарите чија валута се разликува од валутата во која е деноминирана обврзницата; на пример, обврзница која ја издава холандско претпријатие, која е деноминирана во германски марки и која се продава во Британија и Швајцарија. Сепак, најголемиот дел од трансакциите меѓународниот пазар на обврзници опфаќа на еврообврзниците (над 80 %). Тоа произлегува оттаму што еврообврзниците најчесто гласат на доносител, не мора да ги исполнат прописите на националните регулатори и носат пониска каматна стапка. Посебен вид обврзници се глобалните обврзници, кои се обврзници кои гласат на многу голем износ и истовремено се продаваат на повеќе пазари ширум светот. Според процесот на регистрирање, тие личат на домашните обврзници, но според провизиите личат на еврообврзниците. Инаку, меѓународните пазари на обврзници се многу побогати од домашните, зашто на нив се тргува со повеќе видови обврзници, како: обврзници со еднократно достасување и со фиксна каматна стапка, обврзници со флуктуирачки каматни стапки, конвертибилни обврзници, обврзници со варанти, обврзници без купони, обврзници со две валути, обврзници во композитни валути итн.[3]
Постојат повеќе меѓународни индекси на обврзници, како што се: Domestic Government Bond Indices и World Government Bond Index кои ги објавува Salomon Brothers. Првите се однесуваат на државните обврзници на 14 земји, и тоа за обврзниците со четири рочности на достасување: 1-3, 3-7, 7-10 и над 10 години. Притоа, државните обврзници се групирани во три категории: обврзници со фиксна и со флуктуирачка каматна стапка, хартии од вредност наменети за неинституционални инвеститори и приватни пласмани. Светскиот индекс, пак, пондериран просек од вредноста на 14 државни обврзници.[4]
Под примарен пазар на обврзниците се подразбира времето и просторот на кој правните и другите субјекти, во согласност, со прописите и своите потреби, издаваат обврзници заради прибирање парични средства. Кај државните обврзници, првата продажба ја врши централната банка, која работи како агент за сметка на државата и која, за таа цел, може да организира аукција. Како купувачи на обврзниците може да се јават банки, други финансиски организации, претпријатија, па и физички лица, кои најчесто се претставени преку посредници - (брокери и дилери). Натамошниот промет со државните обврзници може да се одвива во непосреден контакт на купувачите и продавачите (неорганизиран пазар) или на институционален пазар на пари.
За да може да се пристапи кон издавање корпоративни обврзници, претпријатието мора да добие одобрение од надлежниот орган во земјата (Комисија за хартии од вредност). Издавањето обврзници има сложена постапка. Прво, се утврдува обемот на капиталот што се сака да се прибере со издавањето обврзници, видот на обврзниците, каматната стапка, номиналната вредност на кој ќе гласат обврзниците и др. По добивањето согласност од надлежниот орган, фирмата донесува одлука за издавање обврзници. Потоа, се заклучува договор со кој се регулираат правата на доверителите и обврските на корисникот. Овој договор обично се склучува со некоја финансиска организација која ја избира издавачот на обврзниците и која има законско овластување да ги претставува сите тогашни и идни купувачи на обврзниците од фирмата. Оваа организација всушност е старател (trustee). Првата продажба на обврзниците, фирмата може да ја изврши така што нив ќе ги продаде на некоја финансиска организација или ќе ги продаде на јавноста, со посредство на специјализирана организација (инвестициска банка). Притоа, посредникот може да се јави како гарант дека обврзниците ќе ги продаде, при што врз себе го презема ризикот на продажбата.[5]
Секоја обврзница задолжително ги има следниве основни елементи:[1]
Обврзниците може да се јават во повеќе видови. Притоа, поделбата на обврзниците може да се изврши од различни аспекти.
Вообичаено, според преостанатата рочност, обврзниците се делат на следниве видови:
Сепак, рочноста понекогаш се разликува на различните национални пазари. Во САД, на пример, должничките хартии од вредност со рок од 2, 5 и 10 години кои ги издава државата се нарекуваат државни записи (treasury notes), а 30-годишните државни хартии од вредност се нарекуваат обврзници (treasury bonds). Во Велика Британија, истиот инструмент со рок од 5 години и повеќе се нарекува обврзница (bond).[6]
Во зависност од тоа кој се јавува како издавач на обврзниците, тие се делат на два вида:
Државни обврзници издава државата со цел да прибере средства за финансирање на тековниот дефицит во нејзиниот буџет. Најголемата светска економска сила, САД и нејзината влада земаат на заем голем дел од средствата со подажба на државни меници и државни обврзници. Достасувањето на државните меници може да биде до 10 години, а на обврзниците од 10 до 30 години. И државните меници и државните обврзници, се издаваат со износи од 1.000 долари или повеќе, со полугодишни камати наречени купонски плаќања. Покрај нивните различни достасувања при издавањето, единствена поголема разлика меѓу нив е тоа што државните обврзници можат да бидат отповикливи во текот на даден период, обично во последните пет години од векот на обврзницата. Според оваа одредба, државата има право да ја откупи обврзницата по номиналната вредност.
Корпоративни обврзници се средства со кои приватните фирми позајмуваат пари директно од јавноста. Овие обврзници, според структурата, се слични на државните обврзници, т.е. плаќаат полугодишни купони во текот на нивниот век и му ја враќаат номиналната вредност на имателот на обврзницата на денот на достасувањето. При купување на корпоративните обврзници, инвеститорите особено внимание посветуваат на ризикот за неуспех.
Во тој поглед, практиката познава:[7]
Според начинот на кој се остваруваат правата, постојат:
Според степенот на осигурување на побарувањата, постојат:[8]
Според доходот што го носат, постојат:
До средината на 1970-тите години, каматните стапки на обврзниците биле фиксирани на денот на издавањето. Со појава на растечката инфлација, корпорациите започнале да издаваат обврзници со променлива каматна стапка (variable interest rate bonds). Ctiicorp била првата американска фирма која понудила обврзници со варијабилни каматни стапки.[9]
Според валутата на која се издадени, постојат:
Според начинот на отплатата на главнината, обврзниците се јавуваат како:
Според посебните права, постојат:
Според правото на откуп пред рокот на достасувањето, постојат:
Повеќето обврзници имаат клаузула на отповикливост, каја нагласува дека издавачот има право да го принуди сопственикот на обврзницата да му ја продаде обврзницата пред рокот на достасувањето. Клаузулата за отповикливост вообичаено предвидува извесно време за чекање помеѓу времето кога обврзницата е издадена и времето кога таа може да биде отповикана. Цената која е предвидена да им биде исплатена на сопствениците на обврзниците се определува на нивото на номиналната вредност или нешто повисоко (вообичаено, таа е повисока од износот на едногодишната камата).
Според сигурноста на нивната наплата, постојат:
Во практиката се среќаваат и други видови обврзници, како што се:[10][11]
По правило, обврзниците носат фикснa каматa. Но, со оглед на тоа што повеќето земји во светот се соочуваат со пониски или повисоки стапки на инфлација, во такви услови, обврзниците честопати имаат флуктуирачки камати. Каматните стапки најчесто се определуваат некој процент повисоко од ЛИБОР (каматите што меѓусебно си ги пресметуваат лондонските банки).
Обврзниците може да се продаваат по:
При работа со обврзниците, купувачите може да остварат неколку добивки:[12]
Во одредени случаи, кога инфлацијата е близу до нула или негативна, обврзниците може да носат дури и негативна каматна стапка. На пример, во јуни 2016 година, Германија за првпат во својата историја издала десетгодишна државна обврзница со негативна каматна стапка, а претходно таков преседан се случил уште со државните обврзници на Јапонија и на Швајцарија.[13]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.