село во Општина Сарај, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Рудник Радуша — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Рудник Радуша | |
Куќи во Рудник Радуша | |
Координати 42°05′07″N 21°13′29″E | |
Регион | Скопски |
Општина | Сарај |
Население | 179 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1062 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 380 м |
Рудник Радуша на општинската карта Атарот на Рудник Радуша во рамките на општината | |
Рудник Радуша на Ризницата |
Името на селото е исто како на соседното село Радуша, кое доаѓа од личното име Радуш или Радух.[2] Кога бил отворен рудникот за хром во Радуша, издвоената рударска населба станала посебна административна единица, поради што го добила името Рудник Радуша.
Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на Скопската Котлина, во Жеденската Клисура, непосредно сместено на левата страна на реката Вардар. Се наоѓа во северниот дел на подрачјето на Општина Сарај.
Традиционално, местото се водело во состав на селото Радуша.
Покрај реката, меѓу Рудник Радуша и Радуша минува регионалниот пат Р2234 (Сарај-Теарце).
Низ Рудник Радуша поминува малата Радушка Река, која се влива во Вардар во самото село.
Атарот на селото не бил посебно пресметан и во минатото бил воден заедно со тој на Радуша. Заедничкиот атар зафаќа простор од 25,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.596 хектари, на пасиштата отпаѓаат 541 хектар, а на обработливото земјиште 288 хектари.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 1961 година, селото имало прилично мешан етнички состав, со големо македонско мнозинство — од вкупно 702 жители, 427 биле Македонци 125 Албанци, 20 Срби и 12 Турци и уште 78 останати.
Во текот на следната деценија населението се намалило за повеќе од половина. На следните пописи приметно е намалувањето на бројот на Македонците за сметка на оној на Албанците.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Рудник Радуша, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Рудник Радуша живееле 211 жители, од кои 138 Албанци, 11 Македонци, 58 Роми и 4 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 179 жители, од кои 156 Албанци и 23 лица без податоци.[5]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Рудник Радуша:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 293 |
1953 | — | — | — | — | — | — | — | —[заб 2] |
1961 | 427 | 125 | 12 | — | 60 | 78 | — | 702 |
1971 | 113 | 89 | 7 | 62 | 11 | 30 | — | 312 |
1981 | 51 | 80 | 7 | 100 | 0 | 29 | — | 267 |
1991 | 30 | 2 | 0 | 57 | 0 | 1 | — | 90 |
1994 | 22 | 107 | 1 | 78 | 0 | 5 | — | 213 |
2002 | 11 | 138 | 0 | 58 | 0 | 4 | — | 211 |
2021 | 0 | 156 | 0 | 0 | 0 | 0 | 23 | 179 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Селото влегува во рамките на Општина Сарај, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Кондово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Идадија. Селото припаѓало на некогашната општина Ѓорче Петров во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Рашче, во која покрај селото Рудник Радуша, се наоѓале и селата Горно Свилари, Долно Свилари, Дворце, Копаница, Радуша и Рашче. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Радуша, во која влегувале селата Дворце, Радуша и Рудник Радуша.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2456 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште во селото Радуша.[6]
На парламентарните избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 110 гласачи.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.