From Wikipedia, the free encyclopedia
Според различни анкети, поголемиот дел од казахстанските граѓани, првенствено етничките Казаци, се идентификуваат како не-деноминациони муслимани[2], додека други се идентификуваат како сунитите од Ханифиски мезхеб, кои сочинуваат околу 63,6% од населението, како и етничките Узбеци, Ујгури и Татари[3][4]. Помалку од 1% се дел од Шафиски мезхеб (првенствено Чеченци) и шиити. Постојат вкупно 2.300 џамии[5], кои се поврзани преку „Духовна асоцијација на муслиманите во Казахстан“, предводена од врховен муфтија[6]. Курбан бајрам е признаен како национален празник на земјата[5].
Религија во Казахстан[1] | ||||
---|---|---|---|---|
Религија | процент | |||
Муслимани | 70,2 % | |||
Христијани | 26,3 % | |||
Останати | 0,1 % | |||
Нерелигиозни | 2,9 % |
Помалку од 25% од населението во Казахстан е православно, традиционално вклучувајќи ги етничките Руси, Украинци и Белоруси[4]. Други христијански групи вклучуваат католици, протестанти (Баптизам, Презвитеријанство, Лутеранство, Пентекостализам, Методизам, Адвентисти на седмиот ден), Јеховини сведоци и Мормони. Постојат вкупно 265 регистрирани православни цркви, 93 католички цркви и 543 протестантски цркви и молитвени куќи. Божиќ, признаен на руски православен начин според јулијанскиот календар, е признаен како национален празник во Казахстан[4].
Други религиозни групи се: јудаизам, бахајство, хиндуизам, будизам и.т.н[4].
Земјата е мултиетничка, со долга традиција на толеранција и секуларизам. Од независноста, бројот на џамии и цркви е значително зголемен. Сепак, населението понекогаш е претпазливо за малцинските религиозни групи. Водачите на четирите религиозни групи што владата ги смета за „традиционални“ - исламот, руското православие, католицизмот и јудаизмот - објавиле општо прифаќање и толеранција што другите религиозни групи не секогаш ги уживат.
Земјата историски била центар на широк спектар на етнички групи со различни религии. Нетолеранцијата кон другите општества станало проблем на казахстанската култура. Основањето на независна република, по распаѓањето на СССР, предизвикало големи промени во секој аспект на животот на луѓето. Религиозноста на населението, како суштински дел од секој културен идентитет, претрпела и динамички трансформации.
Баптистичките цркви често биле напаѓани. Ова се должело на собирите на членовите на црквата без да се регистрираат, според барањето на државата. Секој кој не е регистриран, е изложен на ризик од страна на полицијата. Сепак, не само оние што го прекршуваат законот се третираат грубо[7].
На 2 мај 2017 година, судот во главниот град Нур-Султан (тогаш наречен Астана), го осудил 61-годишен сопруг и татко на тројца синови, Тејмур Ахмедов, член на Јеховините сведоци, на петгодишна затворска казна за вршење мирна библиска едукација. Судот се повикал на неговите напори за проповедање и поттикнување верски раздор и залагање за [верска] супериорност. Освен тоа, судијата исто така наметнал тригодишна забрана за учество на Ахмедов во активностите за проучување на Библијата. Медицинските проблеми на Ахмедов не биле земени предвид и му била одбиена медицинската грижа што му била потребна[8].
По неколку децении потисната култура, луѓето чувствувале голема потреба да го изложат својот етнички идентитет - делумно преку религијата. Квантитативните истражувања покажуваат дека во првите години од воспоставувањето на новите закони, откажувањето од какви било ограничувања на религиозните верувања и прогласување на целосна слобода, земјата доживеала огромен скок во верските активности на своите граѓани. Стотици џамии, синагоги, цркви и други верски објекти биле изградени во рок од неколку години. Сите застапени религии имале корист од зголемениот број на членови и верски објекти. Владата ја поддржала оваа активност и направила се од себе за да обезбеди рамноправност меѓу сите верски организации и нивните следбеници. Меѓутоа, во доцните 1990-ти, се случил мал пад на религиозноста. Нацрт-законот за религиите што се разгледувал во јуни 2008 година предизвикал меѓународна загриженост околу тоа дали постои намера да се исполнат општите стандарди за слобода на религијата и човековите права[9].
Исламот е најчесто практикуваната религија во Казахстан. Тој бил воведен во регионот во 8 век од страна на Арапите[10]. Традиционално етничките Казаци се сунитски муслимани кои главно го следат Ханифискиот мезхеб[11]. Казаците, вклучувајќи ги и другите етнички групи со муслиманско потекло сочинуваат над 90% од сите муслимани[12]. Јужниот регион на земјата има најголема концентрација на само-идентификувани муслимани.
Христијанството во Казахстан е втора најголема религија по исламот. Повеќето христијански граѓани се Руси, а во помал дел и Украинци и Белоруси, кои припаѓаат на Руската православна црква. Според националниот попис во 2009 година, приближно 26% од населението на Казахстан се идентификувале како христијанини[13]. 1,5% од населението се Германци, од кои повеќето го следат католицизмот или лутеранството. Исто така постојат и многу Pрезвитеријанци, Јеховини сведоци, Адвентисти од седмиот ден и Пентекостите[11][14]. Методистите, менонитите и мормоните, исто така, регистрирале цркви[11]. Според пописот од 2009 година, во Казахстан имало 4.214.232 христијани [15]. „Казахстан е чудното јадро на традиционалниот католицизам“, изјавил католичкиот писател Рос Џуџат во 2018 година[16].
Бахајството во Казахстан започнало за време на политиката на угнетување на религијата во поранешниот Советски Сојуз. Пред тоа време, Казахстан, како дел од Руското Царство, имал индиректен контакт со бахајството дури во 1847 година[17]. По влезот на мисионерите, заедницата станала најголема верска заедница по исламот и христијанството, иакосочинува само неколку проценти од нацијата[18]. До 1994 година било избрано Националното духовно собрание на Казахстан[19], а заедницата почнала да ги размножува своите напори во разни интереси. Денеска се проценува дека бројот на верници е околу 6.000 лица[20].
Евреите во Казахстан имаат долга историја. Има околу 12.000 до 30.000 Евреи во Казахстан, помалку од 1% од населението. Повеќето казахстански Евреи се Ашкенази и зборуваат руски јазик[11][21].
Хиндустите во Казахстан се главно од Меѓународното друштво за свесност за Кришна. Индиската заедница во Средна Азија, која се состои од Казахстан, Узбекистан и Туркменистан, брои само 2732 од вкупно 55,5 милиони жители. .
Тенгризмот е религијата од Средна Азија која се одликува со шаманизам, анимизам, тотемизам итн. Таа била преовладувачката религија на Турците, Монголците, Унгарците, како и религијата на пет древни држави.
Казахстан има многу разновидна и стабилна верска припадност. Меѓутоа, некои пријавени случаи на прогон против Харе Кришна и Јеховини сведоци предизвикале загриженост во меѓународната заедница[22][23][24].
Член 22 од Уставот на Република Казахстан вели дека „секој има право на слобода на совеста“. На 18 мај 2011 година, Претседателот на Казахстан донел Указ за формирање на Агенција за верски прашања. Мисијата на Агенцијата е да ја координира интеракцијата меѓу владата, религиозните групи и граѓанското општество со цел да се обезбеди верска слобода во Казахстан[25].
Етничка група | Ислам | Христијанство | Јудаизам | Будизам | Останато | Атеизам | NA |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Вкупно | 70.20% | 26.32% | 0.03% | 0.09% | 0.02% | 2.82% | 0.51% |
Казаци | 98.22% | 0.39% | 0.02% | 0.01% | 0.12% | 0.98% | 0.26% |
Руси | 1.43% | 91.64% | 0.04% | 0.02% | 0.03% | 6.09% | 0.75% |
Узбеци | 99.05% | 0.39% | 0.01% | 0.01% | 0.02% | 0.37% | 0.16% |
Украинци | 0.94% | 90.74% | 0.03% | 0.01% | 0.02% | 7.31% | 0.94% |
Ујгури | 98.35% | 0.51% | 0.02% | 0.01% | 0.03% | 0.61% | 0.47% |
Татари | 79.57% | 10.24% | 0.02% | 0.03% | 0.06% | 8.11% | 1.97% |
Германци | 1.58% | 81.59% | 0.05% | 0.04% | 0.11% | 13.96% | 2.68% |
Корејци | 5.24% | 49.35% | 0.21% | 11.40% | 0.14% | 28.51% | 5.16% |
Турци | 99.13% | 0.30% | 0.01% | 0.01% | 0.02% | 0.33% | 0.21% |
Азери | 94.81% | 2.51% | 0.02% | 0.02% | 0.03% | 1.86% | 0.76% |
Белоруси | 0.79% | 90.16% | 0.04% | 0.01% | 0.03% | 7.82% | 1.15% |
Дунгани | 98.93% | 0.37% | 0.01% | 0.03% | 0.04% | 0.34% | 0.28% |
Курди | 98.28% | 0.53% | 0.03% | 0.02% | 0.02% | 0.74% | 0.38% |
Таџици | 97.78% | 0.91% | 0.01% | 0.02% | 0.08% | 0.85% | 0.35% |
Полјаци | 0.69% | 90.07% | 0.04% | 0.01% | 0.13% | 7.30% | 1.76% |
Чеченци | 93.69% | 2.99% | 0.02% | 0.01% | 0.05% | 2.08% | 1.16% |
Киргизи | 96.67% | 0.89% | 0.03% | 0.03% | 0.02% | 1.51% | 0.86% |
Останати | 34.69% | 52.32% | 0.82% | 0.91% | 0.13% | 8.44% | 2.69% |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.