Религијата во Европа има големо влијание врз денешното општество, уметност, култура, филозофија и право. Најголемата религија во Европа е христијанството, но нерелигиозноста и практичната секуларизација се силни.[1][2] Три земји во Југоисточна Европа имаат муслиманско мнозинство. Античките европски религии вклучувале почит кон божества како што е Зевс. Постојат современите движења за заживување на овие религии, како хетенизмот, родноверието, Ромува, друидизмот, вика и други. Помали религии се дармиските религии, јудаизмот и некои источноазиски религии, кои се најзастапени во Велика Британија, Франција и Калмикија.

Thumb
Важноста на религијата во Европа (резултати од анкета на Галуп во 2008/2009 година)

Малку е познато за праисториската религија на неолитска Европа. Религијата во бронзеното и железното време во Европа како и на други места била претежно политеистичка (античка грчка религија, античка римска религија, баскиска митологија, финско паганство, келтски политеизам, германско паганство, итн.)

Римската Империја официјално го прифатила христијанството во 380 г. За време на раниот среден век, поголемиот дел од Европа поминал низ христијанизација, процес што во суштина завршува со христијанизацијата на Скандинавија во доцниот средниот век. Поимот „Европа“ и „Западен свет“ е тесно поврзан со идејата за „христијански свет“, а многумина го сметаат христијанството за обединувачко верување кое го создало европски идентитет,[3] особено откако христијанството на Блискиот Исток било маргинализирано со подемот на исламот од 8 век. Овој судир ги предизвикал крстоносните војни, кои иако воено неуспешни, сепак биле важен чекор во појавата на европскиот идентитет заснован на религијата. Покрај тоа, традициите на народната религија продолжиле, главно независни од институционалната религија или догматската теологија.

Големиот раскол од 11 век и реформацијата во 16 век го разделуваат христијанскиот свет во непријателски фракции, а по просветителството на18 век, атеизмот и агностицизмот се рашируваат низ целиот континент. Ориентализмот од 19 век придонел за одредена популаризација на хиндуизмот и будизмот, а 20 век носи зголемен синкретизам, Њу ејџ и најразлични нови религиозни движења разведувајќи ја духовноста од наследените традиции за многу Европејци. Во последно време се забележува зголемена секуларизација и верски плурализам.[4]

Thumb
Резултати од истражување на Галуп од 2008/2009 на кое испитаниците одговориле коклу религијата „им е битна во секојдневниот живот.“[5][6]
  
0%–9%
  
10%–19% (Естонија, Шведска, Данска)
  
20%–29% (Норвешка, Чешка, Велика Британија, Финска)
  
30%–39% (Франција, Холандија, Белгија, Бугарија, Русија, Белорусија, Луксембург, Унгарија, Албанија, Латвија)
  
40%–49% (Германија, Швајцарија, Литванија, Казахстан, Украина, Словенија, Словачка, Шпанија)
  
50%–59% (Азербејџан, Србија, Ирска, Австрија)
  
60%–69%
  
70%–79% (Хрватска, Црна Гора, Грција, Португалија, Италија, Полска, Кипар, Северна Македонија)
  
80%–89% (Турција, Романија, Малта, Ерменија, Молдавија, Босна и Херцеговина)
  
90%–100% (Косово, Грузија)
  
Без податоци
Повеќе информации Важноста на религијата во Европа ...
Важноста на религијата во Европа[5][6]
Држава Процент
 Естонија
 
16 %
 Шведска
 
17 %
 Данска
 
19 %
 Норвешка
 
21 %
 Чешка
 
21 %
 Обединето Кралство
 
27 %
 Финска
 
28 %
 Франција
 
30 %
 Холандија
 
33 %
 Белгија
 
33 %
 Бугарија
 
34 %
 Русија
 
34 %
 Белорусија
 
34 %
 Луксембург
 
39 %
 Унгарија
 
39 %
 Албанија
 
39 %
 Латвија
 
39 %
 Германија
 
40 %
 Швајцарија
 
41 %
 Литванија
 
42 %
 Казахстан
 
43 %
 Украина
 
46 %
 Словенија
 
47 %
 Словачка
 
47 %
 Шпанија
 
49 %
 Азербејџан
 
50 %
 Србија
 
54 %
 Ирска
 
54 %
 Австрија
 
55 %
 Хрватска
 
70 %
 Црна Гора
 
71 %
 Грција
 
71 %
 Португалија
 
72 %
 Италија
 
72 %
 Полска
 
75 %
 Кипар
 
75 %
 Романија
 
76 %
 Босна и Херцеговина
 
80 %
 Турција
 
82 %
 Малта
 
86 %
 Молдавија
 
88 %
 Ерменија
 
89 %
 Косово
 
90 %
 Грузија
 
90 %
Затвори

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.