Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рајхсвер (Reichswehr) (гер. „Национална одбрана“) претставувале вооружени сили на Германија во периодот од 1919 до 1935 година, кога биле преименувани во Вермахт („Одбранбени сили“).
Со крајот на Првата светска војна и распаѓањето на Германското Царство, најголемиот дел од германската армија бил распуштен. Многу поранешни војници се вклучиле во паравоени групи наречени „Слободни Корпуси” (Freikorps). Тоа биле главно групи од по 100 луѓе или помалку, кои го штителе соседството или градот. На 6 март 1919 година била основана армијата позната како „Привремена германска одбранбена сила” (Vorläufige Reichswehr), која вбројувала околу 400,000 луѓе, од кои повеќето биле од ,,Слободните Корпуси”. Подоцна, на 30 септември 1919 година била формирана ,,Преодната армија” (Übergangsheer), и тоа од „Одбранбените сили” и „Слободните корпуси”. И конечно, на 1 јануари 1921 година, била основана армијата на Вајмарската Република – Рајхсвер, која броела 100,000 војници, заедно со седум пешадиски и три коњанички бригади. Во ноември 1923 година, токму трупите на оваа армија се судриле со пучот на Хитлер (Beer Hall Putsch) во Минхен.
Поради сите овие причини, долгорочниот хаос и несигурноста на новоформираната Вајмарска Република, војската била непотребна. На 6 март 1919, со декрет била формирана Привремената национална одбрана сили (Reichswehr Vorläufige), составена од Привремената народна армија (Vorläufige Reichsheer) и Привремената Национална морнарица (Vorläufige Reichsmarine). Многу единици како Слободниот корпус делумно или целосно биле во состав на новата армија. Армијата во тоа време броела околу 400,000 луѓе и околу 50 единици со големина на бригада.
Од 30 септември 1919 година, армијата била реорганизирана како „Преодна армија“ (Übergangsheer) со кое што биле и дефинитивно раскинати сите врски со царистичкото минато. Составот на армијата во поголемиот дел го сочинувале единиците Слободниот корпус - 20 единици со големина на бригада (бројноста паднала на околу 200,000 луѓе). Оваа армија како таква постоела сè до 1 јануари 1921 кога и официјално бил воспоставен Рајхсвер (Reichswehr) према важечките ограничувања наметнати со Версајски мировен договор.
Со ограничениот договор на вкупно 100,000 луѓе, Рајхсвер го сочинувале следните сили:
Тенкови, тешка артилерија и авионите биле забранети.
Подморниците и авионите не биле дозволени, а вкупната маса на воената морнарицата не смеела да оди над 100.000 БРТ, како ни 15.000 морнари. Боените бродови не смееле да имаат депласман до 6 000 тони, а разорувачите до 600 тони.
И покрај ограничувањата, во Рајхсвер продолжл да се анализира поразот на германската армија во Втората светска војна, биле извршувани истражувања и развивања на наоружувањето и тактиките, биле организирани тајни тестирања во странство (во соработка со Црвената Армија) и биле направи планови за "подобри времиња". Германските инженери работеле во соработка со Советски колеги интензивно работеле на развојот и унапредувањето на тешкото оружје во Ками (Советски Сојуз), во близина на Казан. Од 1926 до 1932, неколку германски фирми како Круп (Krupp), Ринметал-Борсиг (Rheinmetall-Borsig), Дајмлер (Daimler) и други, работеле на изградбата на првите прототипи на тенкови тестирани на советска територија. Овие проекти биле камуфлирани со имињата "Голем трактор" I, II, III и "лесен трактор" и го отвориле патот на првите лесни тенкови од типот Панцер I кои се појавиле веќе во 1934 година.
Истовремено, оневозможувањата да има бројна обучена армија, Германија на сите начини се обидувала да оспособи воен кадар, како офицери така и персонал. На овој начин, се појавил таканаречениот „црн“ Рајхсвер. Имено, ветераните од Големата војна биле организирани во многубројни ветерански организации коишто продолжиле со воена обука. Со ова официјалната армија на Германија ја јакнела својата резервна војска сочинета од многу искусни борци желни за реваншизам за уште свежиот присутен пораз. Најзначајна од овие групации од 1918 до 1935 била организацијата „Челичен шлем“, која во 1930 година броела дури 500,000 членови. Во оваа организација во најширока смисла се одржувал и почитувал култот на германската армија со строги парамилитарни аспекти вклучувајќи и присуство на униформи. Подгурпата која се занимавала со младите ги организирала полнолетниците но и адолесцентите и ги вклучувала во својаврсните воени вежби.
Кога станува збор за военото воздухопловство, ни тука Германија, иако била ограничена да ги има, не ги препуштала работите на случајноста. За време на 1920-те биле формирани многу фирми кои подоцна станале р'бет на Луфтвафе - Германско воено воздухопловство. Па така во 1920 година биле формирани фирмите Јункерс (Junkers), Хенкел (Heinkel), Дорније (Dornier), а во 1924 Фоке-Вулф (Focke-Wulf). Германската цивилна авио-компанија Луфтханза до 1926 година формирала голема воздушна флота и придонела во полето на обучувањето на пилоти кои подоцна летале во военото воздухопловство. Многу летала исто така биле осмислени и дизајнирани така што можеле лесно да бидат доработени и да бидат употребени како воени авиони. Таков бил случајот со авионот од типот Јункерс Ју 52, авион кој во почетокот на 1930-те сочинувал три четвртини од целокупниот состав на Луфтханза и останал во служба на Луфтвафе сè до 1945. Останатите воени авиони биле дизајнирани и во странство (најмногу во Липецк, СССР, каде биле вршени обуки за пилоти) или останале во статус на планови во картотеките на германските фирми. Во Германија, генералот фон Сект формирал и организирал тајни команди на военото воздухопловство во рамките на Рајхсвер. Нив ги сочинувале поранешни пилоти кои се залагале за обука на пилоти на идната Луфтвафе низ служба во Луфтханза или низ школи за цивилно летање. Школите за едреличарство, кое било дозолено како вид на спорт, биле широко распространети и популарни како полигони за стекнување на знаења и искуство за летање. Во 1930 година, само десет години од своето формирање, Германското спортско воздушно друштво (Deutscher Luftverband) броело 50,000 членови
Воената морнарица како и армијата и военото воздухопловство работела на својот развој и јачење во строга тајност. Од 1922 година Рајхсморнарицата почнала да спроведува реновации во сите свои сектори. Биле развиени нови стратешки планови и биле изградени нови квалитетни објекти. Пред се, треба да се спомне итрото „заобиколување“ на одредбата од Версајскиот мировен договор во случај на изградба на три нови германски таканаречени „џепни“ бродови. Овие бродови биле изградени спрема дозволените рестриктивни стандарни за германските боени бродови (до 10,000 тони депласман), меѓутоа нивните одлики биле значајно унапредени, посебно брзината и силното наоружување од 6 топовски цевки со калибар 280 мм.
Освен површинските пловила, Рајсморнарицата успеала според своите сопствени планови да спроведе и изградба на првите осум подморници во бродоградилиштата во Шпанија, Финска и Холандија. Овие подморници служеле првенствено за обука на посадата за идните мжни подморнички флоти на германската Кригсморнарица.
Исто така, иако и било забрането да има Генералштаб, аримјата продолжила да ги извршува сите негови функции под називот „Трупна канцеларија“ (Truppenamt). Во текот на овие години, многу идни водачи на Вермахтот, како на пример Хајнц Гудеријан, идеолог на „громовитата војна“ формирале свои идеи да подоцна можат да бидат спроведени на дело.
Рајхсвер никогаш не бил наклонет на демократијата но останал лојален на германската влада. Аполотичкиот карактер на Рајхсвер бил доста изразен и тоа го претставувало она одлучното што во поствоената Германска демократија дало шанса да се развие без мешање на армиското водство. Најголемо влијание на развојот на Рајхсвер ила Ханс фон Сект (1866-1936), кој во периодот од 1920 до 1926 бил „Шеф на армиското водство“ (Chef der Heeresleitung).
Имено, намалувањето на германската миротворната армија од 780,000 од 1913 на 100,000 луѓе придонело за зголемувањето на квалитетот внатре во самиот Рајхсвер (само најдобрите од најдобрите биле примени во армијата). Од другата страна пак, револувционерните промени во доктрината на војувањето по Првата светска војна го соочиле Рајхсвер со фактот дека каква било модернизација шт би била вметната во пешадиската тактита на армијата во случај на војна ќе биде немоќна без поддршка на механизација и воздухопловство.
Во текот на 1933 и 1934 година, по функцијата канцелар на Германија што ја преземал Адолф Хитлер , Рајхсвер сè повеќе ги појакнувал тајните програми за проширување во своите сектори. Преземањето на власта од страната на нацистите, се јавило тежнеење од страна на Ернст Рем да СА, при што нацистичката парамилитарна сила, ја преземала улогата на Рајхсвер. Ова го алармирало тогашното воено раководство, дошло до можност за воен пуч на Хитлер што дошоло до пресметка помеѓу него и неговиот близок соборец Ернст Рем и неговите приврзаници во таканаречената „ноќ на долгите ножеви“ во 1934.
До тогаш прикриениот план за јакнење и иден развој на германската армија станал формален со објавувањето за постоењето на Вермахтот на 20 мај 1935 година.
„Рајхсвер“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.