From Wikipedia, the free encyclopedia
Пу Ји ( Chinese ; 7 февруари 1906 година - 17 октомври 1967 година), бил единаесеттиот и последен владетел од династијата Чјинг и последен Кинески Цар. Тој во 1908 година, на двегодишна возраст, станал цар, но бил принуден да абдицира на 12 февруари 1912 година за време на Сјинхајската револуција. Неговото епохално име како цар на династијата Ќинг, „Хсуантонг“, значи „објавување на единство“. Тој за време на Втората светска војна станал владетел на јапонската марионетска држава Манџукуо.
Пу Ји 溥儀 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на династијата Ќинг | |||||
Прво владеење | 2 декември 1908 – 12 февруари 1912 | ||||
Претходник | Гуанг Сји | ||||
Наследник | Династијата и монархијата престанале да постојат | ||||
Регенти | Принц Чун (1908–11) Царица Довагер Лонѓу (1911–12) | ||||
Премиери | Јикуанг, Принц на Ќинг Јуан Шиш-каи | ||||
Второ Владеење | 1 јули 1917 – 12 јули 1917 | ||||
Премиер | Жанг Ксун | ||||
Цар на Манџукуо | |||||
На престол | 1 март 1934 – 17 август 1945 | ||||
Извршен водач на Манџукуо | |||||
На престол | 18 февруари 1932 – 28 февруари 1934 | ||||
Роден(а) | Ајсин Ѓоро Пуји (愛新覺羅 溥儀) февруари 7, 1906 Пекинг, Царство Ќинг | ||||
Починал(а) | октомври 17, 1967 61) Пекинг, Народна Република Кина | (возр.||||
Почивалиште | Царски гробишта во Хуалонг, Ји регион во Хебеј | ||||
Сопруги | Гобуло Ванронг (в. 1922; d 1946) Венксиу (в. 1922; раз. 1931) Тан Јулинг (в. 1937; d 1942) Ли Јукин (в. 1943; раз. 1957) Ли Шуџиан (в. 1962–67) | ||||
| |||||
Татко | Заифенг, Принц Чун | ||||
Мајка | Гувалгиа Јоулан | ||||
Печат |
Тој бил накратко вратен на престолот како цар на династијата Ќинг од страна на генералот лојалист Чанг Ксун од 1 јули до 12 јули 1917 година. Се оженил со царицата Ванронг во 1922 година во договорен брак. Во 1924 година, бил протеран од палатата и се засолнил во Тјенцин, од каде што почнал да им се додворува на воените лидери кои се бореле за хегемонија над Кина. Јапонците долго време сакале да имаат контрола врз Кина. Во 1932 година, по јапонската инвазија на Манџурија, Јапонија ја основала марионетската држава Манчукуо и тој бил избран да стане император на новата држава користејќи го името Датонг (Та-тунг).
Во 1934 година, тој беше прогласен за Кангдски цар на Манчукуо и владеел со неговата нова империја до крајот на Втората кинеско-јапонска војна во 1945 година. Ова трето владеење како цар го претставило како марионета на Јапонија; тој ги потпишал повеќето едикти што му ги дале Јапонците. Во овој период, тој претежно престојувал во Палатата за данок на сол, каде што редовно наредувал да се тепаат неговите слуги. Неговата прва сопруга била зависна од опиум сиве овие години, и тие биле поприлично отуѓени. По падот на Јапонија (а со тоа и на Манчукуо) во 1945 година, Пу Ји побегнал од главниот град и потоа бил заробен од Советите; тој бил екстрадиран во Народна Република Кина по нејзиното основање во 1949 година. По неговото заробување, тој веќе нема повторно да ја види својата прва сопруга; таа умрела од глад во кинески затвор во 1946 година.
Пу Ји на судењата во Токио бил обвинет, а подоцна бил осуден како воен злосторник и затворен на 10 години. По ослободувањето, тој ги напишал своите мемоари и станал титуларен член на Народната политичка консултативна конференција на Кина и на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина. Времето кое го поминал во затвор многу го променило и изразил длабоко жалење за неговите постапки додека бил император. Починал во 1967 година и бил погребан во близина на гробниците на Западен Ќинг.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.