From Wikipedia, the free encyclopedia
Пролетна генцијана (Gentiana verna) — вид од родот Gentiana и еден од неговите најмали членови, нормално расте само до висина од неколку сантиметри.
Пролетна генцијана | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Magnoliophyta |
Класа: | Magnoliopsida |
Ред: | Gentianales |
Семејство: | Gentianaceae |
Род: | Gentiana |
Вид: | G. verna |
Научен назив | |
Gentiana verna L. | |
Краткото стебло поддржува до три спротивставени парови на елипсовидни или ланцетни лисја. Видливите живописни сини (понекогаш пурпурно-црвени или поретко бели)[1] цветови се 1–2 cm во пречник, со длабока петлобусна корола; тие развиваат кон крајот на пролетта до почетокот на летото. Цветовите привлекуваат пеперутки и пчели (особено бумбари) кои помагаат во опрашувањето. Мравките се одговорни за ширењето на нејзините семиња .
Пролетната генцијана е едно од најниско растечките видови од фамилијата Gentianaceae кое има раст од неколку сантиметри. Ниското стебленце преминува во цвет кој е формиран од 5 ланцеолатни венечни ливчиња во сина пурпурна боја кои цветаат од пролет до почеток на летото. Овој реликтен вид е варијабилен и се јавува во повеќе подвидови и вариетети. Распространета е во Европа и Азија, а во Националниот парк Галичица се среќава на високопланинските пасишта.[2]
Пролетната генцијана е една од најраспространетите генцијани, која најчесто се наоѓа на сончевите алпски ливади низ Евроазија, од Ирска до Русија. Честа е во централна и југоисточна Европа, како што се во ниските планински масиви како Јура и Балканот, и до надморска височина од 2600 метри. Исто така, може да се најде во планинските региони, почнувајќи од Високиот Атлас на Мароко до планините на Турција, Ирак и Иран. Во северна Европа, тоа е многу ретко, ограничено на Тисдејл во северна Англија и неколку локации во западна Ирска.[1] Има тенденција да напредува на суви ливади со кредаста почва; исто така е познато дека расте во силикатни почви. Нејзиниот недостаток доведува до заштита во голем број европски земји како загрозен вид.
Тоа е окружниот цвет на Дурам во Велика Британија. Првпат бил пронајден во Британија од Џон Хариман.
Цртеж на пролетна генцијана од Холи Сомервил е логото за одделот за ботаника во колеџот Тринити во Даблин.[3]
Пролетната генцијана се појавила на дизајнот на британските марки, издадени во 1964 година, по повод 10-от Меѓународен ботанички конгрес што се одржал во Единбург.
Голем број суеверија се поврзани со пролетната генцијана. На пример, се смета за лоша среќа да се донесат генцијани в куќа, бидејќи поединецот ризикува да биде погоден од гром. Исто така, фолклорот сугерирал дека смртта ќе следи ако некогаш се собере нејзиниот цвет.
Писателот и ботаничар Стеван Јаковлевиќ го пофалил цветот во неговото латинско име на крајот од неговата трилогија Српска трилогија во која пишува за српските војници кои загинале за време на битката кај Кајмакчалан и Македонскиот фронт за време на Првата светска војна (цветот расте на гробовите на војниците на планината Кајмакчалан).
Цветот е поврзан со Алпите и му го дал своето име на трансалпскиот Blauer Enzian („Сина генцијана“) помеѓу Германија и Австрија.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.