територијална единица на Франција што се однесува на неколку острови From Wikipedia, the free encyclopedia
Прекуморска заедница (француски: collectivité d'outre-mer или COM) — првостепена административна единица на Франција налик на регионот, но со изевсен степен на втономија. Овој статус го имаат некои поранешни колонии и други прекуморски владенија, стекнат со уставната реформа од 2003 г. Ваквата единица се разликува од прекуморските департмани и региони, кои имаат исти права како оние во Метрополска Франција.
Како составен дел од Франција, прекуморските заедници имаат свои претставници во Националното собрание, Сенатот и Економско-социјалниот совет. Од нив, само Свети Мартин е во Европската Унија и гласа на европските парламентарни избори. Во паричен поглед, прекуморски заедници во Тихиот Океан го употребуваат тихоокеанскиот франк (XPF), кој е курсно врзан за еврото, додека пак атлантските заедници го користат самото евро.
Денес постојат пет прекуморски заедници на Франција:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.