From Wikipedia, the free encyclopedia
„Предавања за естетиката“ (германски: Vorlesungen über die Ästhetik) — збирка белешки од предавања на Георг Вилхелм Фридрих Хегел на тема естетика на студентите на Хајделбершкиот универзитет во 1818 г. и Берлинскиот универзитет во 1820/21, 1823, 1826 и 1828/29 г. Составена е во 1835 г. од неговиот студент Хајнрих Густав Хото и ги опфаќа белешките на Хегел и оние на студентите направени во текот на предавањето. Се смета дека во збирката, Хото ја претставил Хегеловата мисла на посистематичен начин отколку што тоа го направил самиот филозоф.[1]
Хегеловата работа на ова поле се смета за едно од најголемите дела во историјата на естетиката уште од времето на Аристотел.[2] Неговата теза за „крајот на уметноста“ извршила влијание врз разни значајни мислители како што се Теодор Адорно, Мартин Хајдегер, Ѓерѓ Лукач, Жак Дерида и Артур Данто. Самиот хегел пак, ја развивал својата мисла под влијание на Јохан Јоаким Винкелман, Имануел Кант, Фридрих Шилер и Фридрих Шелинг. Според Хајдегер, „Предавања за естетиката“ претставуваат „најопсежниот осврт на суштината на уметноста што ја има Западот“.[3]
Предавањата се претставени под три наслови:
Во ова излагање, Хегел останува верен на неговиот дијалектички метод, покажувајќи како овлиците се разложуваат и заменуваат со „повисоки“ облици по пат на негативноста, т.е. внатрешните противречности што секој од облиците ги носи во себе во даденото време.
Во овие списи, Хегел го документира настанокот на симболичната архитектура, класичното вајарство и романтистичка поезија и во нив го изложил неговото поимување за човечката убавина и тврдењето за „смртта на уметноста“, заклучувајќи дека уметноста не може да биде соодветен двигател во човековото спознавање на својата суштина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.