From Wikipedia, the free encyclopedia
Попара — здробен сув леб попарен со врела вода, масло, млеко, чај и др.[1][2]
Попара | |
Вид | појадок |
---|---|
Место на потекло | Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Турција |
Температура на послужување | топла, или ладна |
Главни состојки | сув леб |
Варијанти | слатка или солена |
Покрај во Македонија, попарата се среќава и во Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција и Турција. Ретко се става на куќната трпеза – кога ќе остане доста сув леб и истата се смета за сиромашно јадење.
Традиционално се подготвува од сув леб (од неколку дена) кој се потопува со некоја течност, најчесто топла, но може и ладна, на пример јогурт. Во зависност од вкусот попарата може да биде слатка или солена, па соодветно се додава џем, мед, шеќер или сирење, маст. Подготовката на ова јадење е многу брза и едноставна.
Сè повеќе се појавуваат рецепти кои ја видоизменуваат попарата вклучувајќи дополнителни состојки за истата да биде попривлечна[3].
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.