Планиница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Планиницаmap

Планиница или Липлак (грчки: Φύσκα, Фиска, до 1927 Πλανίτσα, Планица)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Планиница Φύσκα, Земја ...
Планиница
Φύσκα
Thumb
Планиница
Местоположба во областа
Thumb
Планиница
Местоположба на Планиница во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 22°59′E
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000369000000369 м
Население (2011)[1]
  Вкупно152
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Затвори

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 19 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 369 метри.

Арбур опфаќа површина од 23 квадратни километри[3].

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Планиница се состоело од 100 семејства со 84 муслимани и 395 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Планиница имало 500 жители Македонци и 250 Турци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 640 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало од страна на грчките војски а самото македонско и муслиманско население било принудено да побегне од своите домови.[7]. Во Бугарија се иселиле 30 семејства и околу 150 жители во Горни Воден, Асеновград[8]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 230 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 234 жител.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Фиска.[9]

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 318 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 619 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 387 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 501 жител, во 1971 година имало 303 жители, во 1981 година имало 304 жители, додека во 1991 година имало 299 жители[11]. Денеска, населението на селото е 289 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 619 387 501 303 304 299 289 152
Затвори
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

Родени во Планиница
  • Атанас Манолев (? - 1913)[12]
  • Атанас Манолов (1888 - ?)[13]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.