Пиперово
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Пиперово — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Пиперово | |
Поглед на селото Пиперово | |
Координати 41°34′26″N 22°16′09″E | |
Регион | Источен |
Општина | Штип |
Население | 6 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30043 |
Надм. вис. | 537 м |
Слава | Голема Богородица |
Пиперово на општинската карта Атарот на Пиперово во рамките на општината | |
Пиперово на Ризницата |
Пиперово се наоѓа на 20 километри југозападно од градот Штип. До селото води асфалтен пат, кој бил обновен во 2014 година.[2]
Селото во XIX век било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 496 жители, од кои 276 Македонци и 220 Турци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пиперово имало 368 Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 20 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 496 | 368 | 385 | 394 | 401 | 292 | 89 | 46 | 28 | 20 | 6 |
Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Штип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 припаѓало на тогашната општина Лакавица.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лакавица, во која покрај селото Пиперово, се наоѓале и селата Балталија, Брест, Гарван, Гарочино, Загорци, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Ново Село, Пухче, Скоруша, Степанци, Суво Грло, Танатарци, Чифлик и Шопур. Во периодот 1950-1952, селото било дел од тогашната Општина Лесковица, во која влегувале селата Брест, Лесковица, Ново Село, Пиперово и Суво Грло.
Во селото постои избирачкото место бр. 2304 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.