Јевер е германски бренд за пиво, именуван по градот Јевер, каде што се вари. Се подготвува од 1848 година.

Thumb
Пиварницата Јевер

Историја

Thumb
Шише Јевер пиво
Thumb
Стаклена чаша за пиво Јевер

Кога „Приватна пиварница во Јевер“ е основана од страна на Дитрих Куниг во 1848 година, таа била само една од неколкуте пиварници во регионот. По неговата смрт во 1867 година, неговиот син ја продал пиварницата на Теодор Феткутер, кој започнал со развој на мали семејни бизниси во голема пиварница, и започнал да се рекламира и да користи специјални шишиња. Во 1848 година, тој одиграл важна улога во инсталирањето на првиот систем за водоснабдување во Јевер.

Првата светска војна била тешко време за пиварницата. Синот на Теодор Феткутер, кој го презел бизнисот, бил убиен на фронтот. Пиварницата повторно била продадена во 1922 година напиварницата „Св. Паули“ во Баварија, со седиште во Хамбург. Денес пиварницата Баварија - Св. Паули е во сопственост на данската Калсберг групација. Од тогаш, пивото од Јевер станало познато надвор од регионот каде што било произведено. Од 1934 година, се продава под името „Јевер Пилсенер“.

Од 1994 година, пиварницата припаѓа на групацијата Дортмундер Брау унд Брунен.

Спонзорства

Од 2002 до 2005 година, Борусија Менхенгладбах била спонзорирана од Јевер.

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.