Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стравот од петок 13-ти се нарекува параскеводекатриафобија или фригатрискаидекафобија.[1]
Денот петок тринаесетти, кој исто така се нарекува и „црн петок“, многу време кај народот предизвикува несфатливо чувство на страв.[2] На овој датум многумина се парализирани од страв. Некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД стопанствениците губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.[3] Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ешвил, Северна Каролина, споменува дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варирале од умерената тревога до тоталната паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат самите себеси за несреќници, за малери, е многу поверојатно да веруваат во овие суеверија, со кои ја поврзуваат лошата среќа во својот живот.
Некои истражувачи сè уште го бараат коренот на т.н. црн петок. Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13:
Стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време. Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат. Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок. Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13. Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13. На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време. Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.
Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнува и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.
Следните месеци имаат петок 13-ти:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.