Петар (Перо) Димов Шанданов (4 јули 1895 во Охрид — 15 октомври 1971 во Софија) — учесник во македонското револуционерно движење.[1]
Петар Шанданов | ||
Роден | Петар Димов Шанданов 4 јули 1895 Охрид, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 15 октомври 1971 76) Софија, Бугарија | (возр.|
Националност | Македонец |
Животопис
Се школувал во Охрид и во Битола. Бил учесник во Првата балканска војна и во Охридско-дебарското востание против српската власт во 1913 година. Се борел во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија во состав на бугарската војска како офицер. Бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО. Во периодот 1925-1928 година, по убиството на Протогеров и поделбата во редовите на ВМРО застанал на чело на протогеровистите.
За време на Втората светска војна се вклучил во антифашистичкото движење во Бугарија. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Ангел Динев, Михаил Герџиков и други.[2]
Во 1944 година бил избран за делегат на Второто заседание на АСНОМ и избран за член на Президиумот на Народното собрание на Македонија.
Поради учеството во Македонското ослободително движење бил осудуван и затворан од бугарските власти на двапати (1936 и 1953).
Во 2002 година неговите спомени се објавени на македонски јазик.
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.