From Wikipedia, the free encyclopedia
Ангел Динев (Смоквица, Гевгелиско, 1 октомври 1891 - Скопје, 17 февруари 1952 ), — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на ВМРО (Обединета), македонски општественик, новинар, публицист, историчар и политички работник [1].
Ангел Динев | ||
Роден | 1 октомври 1881
Смоквица, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 17 февруари 1952
Скопје, Македонија |
Во Солун работел како фурнаџиски работник (1909-1911), кога се јавил како организатор на Привремениот Околиски комитет на ВМРО за селата од десната страна на Гевгелиска околија. Во 1922 година се доселил во Софија.
Соработник на весникот „Илинден“, уредуван од Арсениј Јовков (1922), каде објавил повеќе уводни статии. Раководител на Гевгелиското братство (1927-1947). Како сопственик и уредник на „Македонски вести“ (1935-1936), значи блескотен период во конструирањето и афирмирањето на македонската национална мисла.
По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Михаил Герџиков и др.[2]
Уредник и на весникот „Доброволец“ (1944). Во своите дела „Македонските Словени“, „Илинденската епопеја“ и „Политичките убиства во Бугарија“, смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење.
Објавени се и неговите Одбрани дела во три книги со уредник д-р Владимир Картов, Скопје, 1983.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.