Пелагон (град)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пелагон или Пелагонија (можни облици и како: Пелагонида, Пелагонеја) бил македонски антички (древен) град, престолнина на Кралството на Пелагонците, подоцна седиште на IV мерида (Македонија Четврта) под Рим.[1]
„Пелагон (Висока)“ | |
Поглед на ископините од градот Пелагонија на врвот Висока | |
Местоположба | 41°12′24.2″N 21°35′20.1″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Бонче |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
На еден натпис од IV век п.н.е. (откриен во Атина) се спомнува кралот на Пелагонците. По поразот на македонскиот крал Персеј кај Пидна (22 јуни 168 п.н.е.), проконзулот Емилиј Павле во Амфипол ја прокламирал поделбата на Македонија на 4 мериди. Македонија Четврта била најзападната горна планинска област, со териториите на Еордеја, Елимеја, Тимфаја, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Деуриоп, Пајонија западно од Вардар и Атинтанија.
Во месноста Каве на 2,5 километри западно од селото Крушевица на површините околу котата односно врвот Висока висок 1472 метри се наоѓаат населба и некропола од хеленистичкото (македонско) и римското време[2]. На просторот се среќаваат остатоци од разурнати ѕидови, грамади од камен и еден затрупан бунар[2]. Веднаш во јужен правец на истиот простор има голема концентрација на гробови — корита издлабени во карпа[2]. Околу дрвјата на густата дабова шума на поголемо подрачје околу самиот врв јасно се забележуваат остатоци ѕидини од неколку редови (3, 4, 5) делкан камен и темели од објекти, кои се обраснати со мов, лишаи и со корењата и стеблата на самите дрвја.
Според претпоставките на археологот Виктор Лилчиќ, се работи за град со кој владеел кралот на пелагонците кои во литературата се споменуваат како многу моќни во IV век п.н.е.[3]. Пелагон бил главниот град на Македонија Четврта, откако Македонија од Римската Република, 160 години пред Христос била поделена на четири дела[3]. Другите три главни градови се наоѓаат во Егејска Македонија, a археолозите одамна трагаaт по четвртиот[3]. Долго време во археолошката наука во Македонија и светот местоположбата на овој древен град била предмет на дискусии и претпставки кои се темелеле на записите на античките, пред сѐ римски автори. Голем број научници дискутирале за убикацијата на престолнината Пелагонија. Досегашните наоди од големите камени блокови на стариот град, уникатната гробница, керамиката и монетите што се пронајдени ја поткрепуваат тезата дека токму овде бил моќниот град[3]. Конечно, просторот е стеснет околу Селечка Планина, заедно со предложените кандидати: Долиште кај Прилепец, Еленик кај Мојно и врвот Висока над мариовското село Крушевица[4]. Конечно во 2004 година, најповеќе при зафатите за спроведување на вода за селскиот водовод на селото Крушевица од месноста Ќаве под врвот Висока, се откриени остатоците од овој древен град.
„Пелагон (град)“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.