Висока
село во Лага From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Лага From Wikipedia, the free encyclopedia
Висока (грчки: Όσσα, Оса; до 1927 г. Βυσσώκα, Висока)[2] — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 409 жители (2021).
Висока Όσσα | |
---|---|
Координати: 40°50′N 23°12′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Лагадина |
Општ. единица | Богданска Планина |
Надм. вис. | м | 640
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 409 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 17 километри североисточно од градот Лагадина (Лагадин) и на 35 километри североисточно од Солун, на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 640 метри.
Крај населбата има траги од населба од IV век п.н.е. На ридот Кури има населба од старомакедонската епоха[3].
Во 1751 година, жителка на Висока по име Кирана настрадала за верата и била канонизирана како Света Кирана Солунска. Црквата „Св. Кирана“ во селото била изградена во 1868 година, додека црквата „Св. Архангели“ во 1804 година[4].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 270 семејства со 305 жители муслимани и 931 Македонец[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 200 муслимани и 1350 жители Македонци[5][7].
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 2000 македонски гркомани[5][8], и функционирало грчко училиште.
Во текот на Втората балканска војна, во селото вллегле грчките војски[9]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1680 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1726 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Оса.[10]
Во 1928 година селото броело 1626 жители.[11], додека во 1940 година селото броело 1703 жители.
Селото 889 пописот од 1951 година броело 1399 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1381 жител, во 1971 година имало 889 жители, во 1981 година имало 576 жители, додека во 1991 година имало 856 жители[12]. Денеска, населението на селото е 387 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.703 | 1.399 | 1.381 | 889 | 576 | 856 | 835 | 387 | 409 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.