Папрат (Кукушко)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Папрат (Кукушко)map

Папрат (грчки: Ποντοκερασιά, Пондокерасија, до 1927 Παπράτ, Папрат)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Папрат Ποντοκερασιά, Земја ...
Папрат
Ποντοκερασιά
Thumb
Папрат
Папрат
Местоположба во областа
Thumb
Папрат
Местоположба на Папрат во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 23°7′E
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000698000000698 м
Население (2001)[1]
  Вкупно146
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Затвори

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 30 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 698 метри.

Папрат опфаќа површина од 70 км2[3].

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Папрат се состоело од 80 семејства и 253 жители муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Папрат имало 710 жители муслимани[3][5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 700 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 595 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото[3][5]. Во 1926 година, селото било преименувано во Пондокерасија.[6]

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 348 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 711 жители. Зголемувањето на бројот на жители најверојатно се должи на населувањето на жители од соседните села.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.

Селото во пописот од 1951 година броело 390 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 321 жител, во 1971 година имало 166 жители, во 1981 година имало 125 жители, додека во 1991 година имало 192 жители[8]. Денеска, населението на селото е 146 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 711 390 321 166 125 192 146
Затвори
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.