Remove ads
книги од Новиот завет From Wikipedia, the free encyclopedia
Павлови посланија или Посланија на Апостол Павле — тринаесет книги од Новиот завет припишани на Апостол Павле, иако авторството на некои од нив е несигурно. Меѓу нив се некои од најраните денес постоечки христијански документи. Даваа увид во верувањата и споровите за време на раното христијанство. Како дел од канонот на Новиот завет, претставуваат основоположнички текстови за христијанската теологија и етика. Иако не се води под негово име, Посланието до Евреите традиционално му се припишува на Павле; црковниот отец Ориген фрлил сомнеж врз неговото авторство уште во III век, а почнувајќи од XVI век постепено преовладеало мислењето дека не е напишано од Павле, претежно поради несложување во стилот и содржината.[1] Највеќето стручњаци се согласуваат дека Павле е автор на седум од посланијата, а дека четири од нему припишаните се впрочем псевдоепиграфски (Ефесјаните, 1 Тимотеј, 2 Тимотеј и Тит[2]) и дека уште две имаат сомнително авторство (2 Солуњаните и Колосјаните).[2] Според некои богословски познавачи, Павле ги напишал овие писма со помош од неговиот писар,[3] кој извршил влијание врз стилот, ако не и врз самата теолошка содржина.
Павловите посланија во денешните изданија на Новиот завет (вклучувајќи ги македонските) обично се сместуваат меѓу Делата на светите апостоли и Соборните посланија. Меѓутоа, во највеќето грчки ракописи Соборните посланија се први,[4] а во неколку минускулни ракописи (175, 325, 336 и 1424) Павловите посланија стојат на крајот од Новиот завет.
По редоследот во кој се водат, Павловите посланија се следниве:
Назив | Упатено кон | Грчки | Латински | Кратенка |
---|---|---|---|---|
Послание до Римјаните | црквата во Рим | Πρὸς Ῥωμαίους | Epistola ad Romanos | Рим |
Прво послание до Коринтјаните | црквата во Коринт | Πρὸς Κορινθίους Αʹ | Epistola I ad Corinthios | 1 Кор |
Второ послание до Коринтјаните | црквата во Коринт | Πρὸς Κορινθίους Βʹ | Epistola II ad Corinthios | 2 Кор |
Послание до Галатјаните | црквата во Галатија | Πρὸς Γαλάτας | Epistola ad Galatas | Гал |
Послание до Ефесјаните | црквата во Ефес | Πρὸς Ἐφεσίους | Epistola ad Ephesios | Ефес |
Послание до Филипјаните | црквата во Филипи | Πρὸς Φιλιππησίους | Epistola ad Philippenses | Фил |
Послание до Колосјаните | црквата во Колоси | Πρὸς Κολοσσαεῖς | Epistola ad Colossenses | Кол |
Прво послание до Солуњаните | црквата во Солун | Πρὸς Θεσσαλονικεῖς Αʹ | Epistola I ad Thessalonicenses | 1 Сол |
Второ послание до Солуњаните | црквата во Солун | Πρὸς Θεσσαλονικεῖς Βʹ | Epistola II ad Thessalonicenses | 2 Сол |
Прво послание до Тимотеј | Тимотеј Ефески | Πρὸς Τιμόθεον Αʹ | Epistola I ad Timotheum | 1 Тим |
Второ послание до Тимотеј | Тимотеј Ефески | Πρὸς Τιμόθεον Βʹ | Epistola II ad Timotheum | 2 Тим |
Послание до Тит | Апостол Тит | Πρὸς Τίτον | Epistola ad Titum | Тит |
Послание до Филимон | Апостол Филимон | Πρὸς Φιλήμονα | Epistola ad Philemonem | Флмн |
Послание до Евреите* | јудеохристијаните | Πρὸς Έβραίους | Epistola ad Hebraeus | Евр |
Овој редослед е извонредно доследен во ракописната традиција, со многу малку отстапувања. Наредени надолно, според должината на текстот (на грчки), а четирите пастирски посланија упатени кон поединци стојат на крај. Единствено отстапува Галатјаните, чиј текст е малку подолг од оној на Ефесјаните.[5]
Во денешните изданија, формално анонимното Послание до Евреите е сместено на крајот од Павловите посланија, пред Соборните посланија. Ваквото постапување добило на популарност уште со Вулгатата на Јероним Стридонски од IV век, кому му биле познати сомнежите за авторството од постаро време, а истото го следат и највеќето средновековни византиски ракописи речиси без никакви исклучоци.[5]
Местото на Евреите меѓу Павловите ракописи е помалку доследно во ракописите:
36 | (31-36 г.: преобраќање на Павле) |
---|---|
37 | |
38 | |
39 | |
40 | |
41 | |
42 | |
43 | |
44 | |
45 | |
46 | |
47 | |
48 | Послание до Галатјаните |
49 | |
50 | Прво послание до Солуњаните |
51 | Второ послание до Солуњаните |
52 | |
53 | |
54 | Прво послание до Коринтјаните |
55 | Второ послание до Коринтјаните |
56 | |
57 | Послание до Римјаните |
58 | |
59 | |
60 | |
61 | |
62 | Послание до Филипјаните |
Послание до Филимон | |
Послание до Колосјаните | |
Послание до Ефесјаните | |
63 | |
64 | Прво послание до Тимотеј |
65 | Второ послание до Тимотеј |
66 | Послание до Тит |
67 | (64-67 г.: смрт на Павле) |
Во сите овие посланија освен Евреите, авторот и пишувачот се самоословува како Павле. Меѓутоа, спорните писма може да се напишани под негово име, бидејќи во тоа време припишувањето не било невообичаено.[7]
Седумте писма (со општоприафатени датуми)[8] кои највеќето стручњаци ги сметаат за верни:
Писмата за кои постои рамномерно поделено мислење:[2]
Писмата што се сметаат за псевдоепиграфски од 80 % од стручњаците (дадени со традиционалните години):[2]
Иако е анонимно и не е во облик на писмо, Посланието до Евреите одамна се сместува во собраните писма на Павле, иако највеќето сметаат дека не е негово дело.[2]
Читајќи го Павле, се претпоставува дека напишал уште неколку писма кои не се зачувани:
Се смета дека првиот кој ги собрал посланијата бил ранохристијанскиот деец Маркион Синопски на почетокот на II век,[11] иако не е исклучено самиот Павле да ги собирал писмата за подоцнежно издавање.[12] Во времето на Павле било вообичаено испраќачот да чува свој примерок од писмото; зачуваните писма од стариот век во денешните збирки се примероци или на испраќачот или на примачот.[13] Павловата збирка била во оптек одделно од другите ранохристијански писанија и подоцна се придодадени кон Новиот завет.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.