Remove ads
личност од Новиот завет From Wikipedia, the free encyclopedia
Филимон (коински грчки: Φιλήμων) — ранохристијански деец од Мала Азија и еден од Седумдесетте апостоли. Познат е по неговата соработка со Апостол Павле, изложена во Посланието до Филимон од Новиот завет. Се чествува како светец во неколку цркви заедно со неговата сопруга Апфија. Филимон бил богат христијанин и свештеник (веројатно и епископ)[1] на куќна црква која се состанувала во неговиот дом.[2]
Филимон | |
---|---|
Мачеништвото на Апостол Филимон и неговата сопруга Апфија | |
апостол (православие) маченик (католицизам) | |
Починал(а) | 68, Колоси, Фригија (денешен Хоназ, Турција) |
Почитуван(а) во | православие католицизам лутеранство |
Слава | 19 февруари и 22 ноември (православие) 22 ноември (католицизам) 15 февруари (лутеранство) |
Минејот за 22 ноември вели дека Филимон бил апостол кој заедно со Апфија, Архип и Онисим умреле маченичка смрт Колоси во првиот општ прогон на Нерон.[3] Во списокот на Седумдесетте апостоли припишан на Доротеј Тирски, Филимон се опишува како епископ на Газа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.