Оџалија
село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Оџалија — село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Оџалија | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°45′16″N 22°19′44″E | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Област | Јуруклак |
Население | 72 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30041 |
Надм. вис. | 790 м |
Оџалија на општинската карта Атарот на Оџалија во рамките на општината | |
Оџалија на Ризницата |
Ова село се наоѓа во областа Јуруклак, во јужниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на падините на планината Плачковица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 610 метри. Од градот Штип е оддалечено 23 километри.[2]
Во атарот на селото се наоѓа историското село Сејдилија.
Во XIX век, Оџалија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Атарот зафаќа простор од 8,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 301 хектар, на пасиштата отпаѓаат 204 хектари, а на обработливото земјиште 162 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 60 жители, сите Турци.[3] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 116 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]
Селото е мало, населено со турско население. Така, во 1961 година броело 50, а во 1994 година 113 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Оџалија живееле 109 жители, од кои 101 Турчин и 8 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 62 Турци и 10 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 60 | — | 178 | 177 | 50 | 68 | 90 | 102 | 113 | 109 | 72 |
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Оџалија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2330 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Курфалија и Оџалија.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 127 гласачи.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 121 гласач.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.